НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 28.11
➢ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ... (28.11.2022)
👁 Прочитано: 59



Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 28.11
28.11.1489 година е родена Маргарита Тјудор, англиска принцеза.
28.11.1520 година португалскиот морепловец Фернандо Магелан впловил во Тихиот Океан минувајќи низ Јужноамериканската Теснина, која денес го носи неговото име.
28.11.1632 година е роден Жан Батист Лили, француски композитор.
28.11.1820 година е роден Фридрих Енгелс, германски филозоф и револуционер.
28.11.1821 година Панама прогласи независност од Шпанија и ѝ се придружи на Колумбија.
28.11.1829 година е роден Антон Григорјевич Рубинштајн, руски композитор.
28.11.1905 година во Даблин ирскиот националист Артур Грифит ја основал партијата „Шин фејн“.
28.11.1943 година во Техеран почна конференцијата меѓу претседателот на САД Франклин Рузвелт, британскиот премиер Винстон Черчил и претседателот на Советскиот Сојуз Јосиф Сталин. На конференцијата е разгледано натамошното водење на војната со Германи
28.11.1981 година со голема свеченост е предаден во употреба Споменикот на слободата во Кочани, дело на Глигор Чемерски.
28.11.1997 година во Скопје свечено е отворена Амбасадата на Австрија во Република Македонија.
Служба за информирање при Комората