НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 30.09.
➢ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ... (30.9 .2023)
👁 Прочитано: 103



Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 30.09.
30.09.1207 година, роден е Џалалудин Руми, персиски исламски поет, правник и теолог.
30.09.1814 година, по победата на Наполеон, големите сили го свикале Виенскиот конгрес. Одлуките што биле донесени, на Европа и’ обезбедиле мир, но неколку децении не го решиле прашањето на малите народи, жртвувани за да се наградат големите сили.
30.09.1864 година, бостонскиот забар Вилијам Мортон прв го употребил етерот како средство за анестезија.
30.09.1903 година, во Виена и Мирцштег почнал состанокот меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот цар Франц Јосиф, на кој е изработена програма за реформи во Македонија позната како „Мирцштешка реформска програма“, донесена на 2 октомври 1903.
30.09.1991 година, повеќе стотици илјади Чеси загрижени поради евентуалната поделба на земјата бараа референдум за отцепување на Словачка.
30.09.1993 година, Советот на НАТО го одобри воениот план за поставување на повеќе од 50.000 војници во Босна и Херцеговина во период од две години.
30.09.1998 година, во Скопје почна со работа Македонската информативна агенција — МИА, официјален јавен информативен сервис на Република Македонија.
Служба за информирање при Комората