Побарувачка
(22.10.2020)

Компанија од Израел бара добавувачи и производители на резервни делови во автомобилскиот сектор
Компанија од Израел бара добавувачи и производители на резервни делови во автомобилскиот сектор

Израелска компанија специјализирана за увоз и дистрибуција на електрични делови за автомобили бара добавувачи и производители. Компанијата е еден од водечките  дистрибутери на резервни/електрични делови во автомобилската индустрија на израелскиот пазар.

Активностите на компанијата се организирани според специјализирани стручни оддели со поддршка од логистичка мрежа што го поддржува секој оддел засебно. Продажните активности ги покриваат комерцијалисти, а истите се вршат во магацин од 1200 м2.

Компанијата има повеќе од 600 клиенти низ целата земја, вклучувајќи продавници, трговци на големо, дилери, дистрибутери на делови за поправки при судири, компании за изнајмување возила, увозници на возила, Министерство за одбрана,полиција, Израел електрик Корп, општини и други владини институции.

Преземете каталог:
За повеќе информации, Ве молиме контактирајте го лицето наведено подолу.
Контакт лице: м-р Сања Николова
стручен соработник во Стопанска комора на Македонија
Телефон: ++ 389 2 3244091, M. 070 230 452
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: sanja@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015