Понуда
(21.09.2020)

Понуда за деловен простор од 51 м2 во објектот на Адора – “Кружен тек” во општина Аеродром, Скопје.
Понуда за деловен простор од 51 м2 во објектот на Адора – “Кружен тек” во општина Аеродром, Скопје.

КРУЖЕН ТЕК – ОПШТИНА АЕРОДРОМ СКОПЈЕ

Локација: ул. Вангел Тодоровски бр. 5 Аеродром – Скопје

Слободен 1 ексклузивен деловен простор: 51 m²

Во модерниот објект „Аеродром Кружен Тек“ има само уште еден слободен, последен деловен простор со површина од 51 m². Локалот бр. 5, лоциран на приземниот дел во овој висококвалитетен станбено-деловен објект, во влез 1 е идеален за успешно развивање и водење на различни видови бизниси и услужни дејности.

Објектот „Аеродром Кружен Тек“ е на одлична, фрекфентна локација, на ул. „Вангел Тодоровски“ бр. 5, во срцето на општина Аеродром, на само 15 минути пеш од централниот градски плоштад во Скопје. Во непосредна близина е меѓународната железничка и автобуска станица во Скопје, Поликлиниката Јане Сандански, православниот храм „Свети Илија“, детските градинки Изворче и Калинка, Основно училиште „Блаже Конески“, повеќе познати трговски центри, банки и други институции, близу булеварите „Јане Сандански“ и „Кузман Јосифовски Питу“, со развиена инфраструктура и одлична достапност за клиентите и граѓаните.

Преземете каталог:
За повеќе информации, Ве молиме контактирајте го лицето наведено подолу.
Контакт лице: м-р Сања Николова
стручен соработник во Стопанска комора на Македонија
Телефон: ++ 389 2 3244091, M. 070 230 452
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: sanja@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015