Понуда
(21.09.2020)

Понуда за продажба на деловен простор. Локал бр. 8 од 70 м² во Адора Flatiron, Скопје.
Понуда за продажба на  деловен простор. Локал бр. 8 од 70 м² во Адора Flatiron, Скопје.

БИЗНИС ЦЕНТАР “АДОРА FLATIRON СКОПЈЕ”

Локација: Бул. Борис Трајковски бр.1 Кисела Вода – Скопје

Ексклузивни деловни простории: 70 m²

Во Адора Flatiron Скопје се продава Локал бр. 8 од 70 м², со катна висина од 4,45 метри, која нуди одлична можност за изведување на галерија. Влезот на Локалот се наоѓа од страна на ново проектирана улица. Пред самиот Локал бр.8 нудиме можност за купување на повеќе паркинг места.

Локалот бр.8 од 70 м² е дел од деловниот центар Aдора Flatiron Скопје кој располага со современ бизнис центар на приземје и на мезанин со вкупна површина од 3.068 м². На приземје има 19 деловни единици со вкупна површина од 1.035 м². На мезанин има деловни простории со вкупна површина 1.516 м², 290 м² тераса и 300 м² ходници, катна висина од 3,16 метри. Деловниот центар Адора Flatiron Скопје е на само 7 минути од центарот на главниот град, во близина на Републичкото Собрание, Градскиот трговски центар (ГТЦ), Парк Жена- Борец, Зелено пазарче, Општа болница „Св. Наум Охридски“ (Градска болница), Осигурување Македонија, Олимписки базен, повеќе средни училишта.
Атрактивната локација на деловен центар Адора Flatiron Скопје нуди одлични можности за развивање на различни бизнис дејности.

Бизнис центарот е препознатлив по ексклузивниот изглед, високиот квалитет, впечатливиот дизајн, иновативните решенија, светските стандарди, условите, ентериерот, екстериерот и околината.

Преземете каталог:
За повеќе информации, Ве молиме контактирајте го лицето наведено подолу.
Контакт лице: м-р Сања Николова
стручен соработник во Стопанска комора на Македонија
Телефон: ++ 389 2 3244091, M. 070 230 452
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: sanja@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015