Потпишан Меморандум за соработка меѓу коморите на Месиниа и на Скопје - ПРЕКУ „ПАТОТ НА МАСЛИНКАТА“ ДО ЗАЕДНИЧКА МРЕЖА НА СОРАБОТKА

   

АКТУЕЛНО / 09.08.2011
👁 Прочитано: 957


Потпишан Меморандум за соработка меѓу коморите на Месиниа и на Скопје - ПРЕКУ „ПАТОТ НА МАСЛИНКАТА“ ДО ЗАЕДНИЧКА МРЕЖА НА СОРАБОТKА

    Во Стопанската комора на Македонија, на 8 август 2011 година, се одржа работна средба на претставници од Стопанската комора на Месиниа, со седиште во Каламата, производители на прехранбени производи, особено на маслиново масло, Културната организација “Routes of the Olive Tree”, од Каламата, Олга Мез ариди, трговско аташе во Канцеларијата за врски на Република Грција во Македонија, како и членки на Стопанската комора на Македонија. Работниот состанок го водеше д-р Горан Рафајловски, претседател на Регионалната комора со седиште во Скопје.

     Д-р Рафајловски на гостите им предложи да се направи заеднички проект, што ќе им се понуди на нашите членки, а особено да се направи нешто со однапред утврдена економија, односно да се знае што ќе се произведува и каде ќе се пласираат тие производи. Имајќи го предвид видот на македонските компании, само со здружен капитал може да се настапува на европскиот пазар, во зависност од способноста на фирмите.

 

    Господинот  Георгиос Карабатас, претседател на Стопанската комора на Месиниа, со седиште во Каламата, воедно е и извршен директор на Културната организација “Routes of the Olive Tree”, од Каламата, којашто е членка на Советот на Европа и на УНЕСКО. 

      Како прв заеднички проект е Агрополис, меѓу коморите на Вериа, Серес и на Скопје. Целта е да се направи заедничка мрежа за соработка. Оваа посета нуди почеток за поголема соработка, а во прв момент може да се изработи дигитална мрежа преку која ќе се нудат услуги на сите членки и на тој начин ќе се подобри соработката меѓу компаниите од сите балкански држави. Како пример за добра соработка се предложи да се воведе ист систем на оданочување во сите балкански земји.

    

Со цел реализирање на заедничкиот интерес и развој, потпишан е Меморандум за соработка.
     Заедничка цел на потписничките на Меморандумот е да работат заедно за да го поддржат сето ова низ европските програми, прекугранични проекти и програми за национално финансирање. Обврска на секој субјект е директно да одговори на поканата за учество во доставените предлози, координирано или некаде каде што друг субјект учествува; особено во предлозите за соработка каде што нема финансиски товар врз субјектот, но коишто се создадени да знаат како да направат трансфер и да ги зацврстат активностите на овој Меморандум.   Субјектот од кого што ќе се бара одговор, должен е веднаш да одговори на повикот од која било  страна, за да се олесни таквиот вид на иницијативи од заеднички интерес. Во овој контекст, во врска со најважните и најпривлечните пазари кои што можат да се финансираат, се предвидуваат студии, истражување на пазарот, активности за дисеминација на добри практики, активности за е-учење и др.