Бизнис-форум меѓу скопски и белградски компании во Република Србија -ФОРМИРАЊЕ НА БАЛКАНСКА МУЛТИЛАТЕРАЛНА СОРАБОТКА МЕЃУ РЕГИОНАЛНИТЕ КОМОРИ НА ГЛАВНИТЕ ГРАДОВИ

   

АКТУЕЛНО / 25.02.2011
👁 Прочитано: 1028


Бизнис-форум меѓу скопски и белградски компании во Република Србија -ФОРМИРАЊЕ НА БАЛКАНСКА МУЛТИЛАТЕРАЛНА СОРАБОТКА МЕЃУ РЕГИОНАЛНИТЕ КОМОРИ НА ГЛАВНИТЕ ГРАДОВИ

       Република Србија  во трговијата со  Република Македонија  ланската година ќе забележи суфицит  од  преку 150 милиони евра .Но, извозот од Србија има значително помал раст од увозот, што долгорочно гледано има тенденција на смалување на македонскиот трговски дефицит, кој треба да се движи во поравец на урамнотежување. Но, во основа зголемената трговска размена меѓу двете земји, која во 2010 година ѓе застане на бројката од околу 566 милиони евра,  што е за 20 отсто  повеѓе од 2009 година, експертите ја толкуваат како прв знак на закрепнување од глобалната економска криза на двете стопанства.


      -Шанси за пораст на размената треба да се бараат во аграрот,  прехранбената, автомобилската, текстилната и хемиската, електронската индустрија, во туризмот,  сообракајот, металната и градежната индустрија и заштитата на животната средина, -  беше нагласено на     Бизнис-форумот меѓу белградските и скопски компании што, се одржа на 25.02.2011 година во Белград, Република Србија. Притоа,  беше потпишана Спогодба за соработка меѓу двете регионални комори. Спогодбата ја потпишаа д-р  Горан Рафајловски и д-р Милан Јанковић, претседатели на двете најголеми и најмоќни регионални комори во  Република Србија и Република Македонија , со надеж дека  оваа соработка ќе придонесе за интензивирање на контактите.


     -Покрај оваа билатерална соработка  предлагаме  да се направи и и мултиратерална соработка меѓу коморите на главните градови од балканските земји, вклучувајки ја и Турција. На тој начин би можеле  заеднички да настапуваме спрема Брисел и другите моќни комори од значајни региони во Европската унија. Почетокот би можел да значи и формирање на заеднички информативен центар во кој бизнисмените од регионот лесно би можеле да бидат снабдени со неопходните податоци за олеснување на нивните деловни потфати, – предложи Горан Рафајловски, претседател на Регионалната комора со седиште во Скопје.
     Д-р Милан Јанкович, претседател на Стопанската комора на Белград , побара двете регионални комори да отворат свои канцаларии во главните градови, со што уште повеќе би се олесниле контактите меѓу бизнисмените и би  се овозможило нивно заедничко учество во користењето на средства од претпристапните фондови на Европската унија.


     -Неопходно е да се работи далеку поупорно за да се отстранат и бројните нетарифни бариери во трговската размена.Тоа посебно се однесува на спороста во поминување на меѓудржавните граници, фитосанитарните пречки, неусогласеноста на техничките прописи и стандарди, кои  се` уште ја оптоваруваат економската соработка меѓу двете земји, - нагласи Станка Родан од Министерството zа економија и регионална соработка на Република Србија.
     Деловните луѓе од белградскиот и скопскиот регион  имаа и бројни билатерални средби по завршувањето на Бизнис-форумот.
                                                       

                                                                                      Саво Пејчиновски