КОНФЕРЕНЦИЈА „БЕНЕФИТОТ НА КОМПАНИИТЕ ДОКОЛКУ СЕ ВКЛУЧАТ ВО ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ, УЧЕЊЕТО ПРЕКУ РАБОТА И ПРАКТИЧНА РАБОТА ВО КОМПАНИЈА
➢ Актуелно (13.06.2022, во 16:08:57)
👁 Прочитано: 2603




КОНФЕРЕНЦИЈА „БЕНЕФИТОТ НА КОМПАНИИТЕ ДОКОЛКУ СЕ ВКЛУЧАТ ВО ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ, УЧЕЊЕТО ПРЕКУ РАБОТА И ПРАКТИЧНА РАБОТА ВО КОМПАНИЈАКликни за повеќе

Кадрите кои се создаваат низ образовниот процес треба да ги задоволуваат потребите на реалниот сектор, а без практична обука или учење преку работа кај работодавач неможеме да создадеме стручен и соодветен кадар што е еден од клучните предуслови за успешен бизнис. Паралелно со овие процеси мораме да работиме и на развој и унапредување на знаењата на капацитетите на човечките ресурси во компаниите и институциите за овие процеси. Токму тоа беше причината Стопанската комора  со поддршка на проектот „Образование за вработување“ да ја одржи конференцијата на тема: „Бенефитот на компаниите доколку се вклучат во дуалното образование, учењето преку работа и практична работа во компанија“ со што сакаме да упатиме порака за придобивките што  ги имаат компаниите што ќе се вклучат во дуалното образование, учењето преку работа и практичната обука во компанија, за да обезбедат стручни и практични вештини кај учесниците во образовниот процес, релевантни на нивните барања.
Ова е и ставот на ОЕЦД, изнесен во Студијата за развојот на земјите на Западен Балкан кој фокусот го става на зајакнување на вештините и развој на капацитетите на човечките ресурси.
Конференцијата ја отвори оперативниот директор, м-р Михајло Донев, кој истакна дека вклучувањето во дуалното образование и другите форми на практична обука се влог во вашата иднина, инвестиција која на долг рок ги дава посакуваните резултати. Непосредниот контакт со потенцијалните идни вработени е од големо значење, менторите во компанија се оние кои учениците ги водат кон процесите во реалната работна средина, давајќи им јасна слика за работното место, технологијата и опремата која се користи, работна култура и на тој начин не само што продуцираме иден кадар, туку и се гради имиџ на работодавач кој е препознат на пазарот на труд.
На конференцијата за јакнење на капацитетите на човечките ресурси преку континуирано унапредување на нивното знаење свое обраќање имаше и проф. д-р Александра Стоилковска, декан на Факултетот за човечки ресурси и менаџмент при Универзитетот за туризам и менаџмент, Скопје, која потенцираше дека за успешно и непречено работење на институцијата, секој вработен во институцијата има значајна улогa, а знаењата, вештините, компетенциите, па и талентот на вработените се приоритетен ресурс на компанијата и мора континуирано да се развиваат и надоградуваат. Фокусот го стави на важноста на менаџерите на човечки ресурси кои без оглед на големината на компанијата/институцијата вработените треба да бидат избрани, ангажирани, водени и обучени.

Во панел дискусијата насловена како: “Кој е бенефитот на компаниите доколку се вклучат во дуалното образование, учењето преку работа и практична работа во компанија“ свои искуства пренесоа преставниците од компаниите: Ронтис од Велес, Еуроникел од Кавадарци, Раде Кончар ТЕП и Завар компани од Скопје, а како модератор на панел дискусијата беше Билјана Шамаковска Ангелова, директор за човечки ресурси во компанијата Макстил АД, Скопје, која повеќе од деценија соработува со средните стручни училишта, а во последните 5 години имаат поструктиурана и посистемска соработка со училиштата. Заеднички став на учесничките во панел дискусијата беше да се направи поголема промоција на компаниите и стручните училишта за бараните квалификации со цел намалување на одливот на кадри од државата, зајакната соработка на бизнис заедницата и образовните институции, но и прилагодување на бизнисот кон интересот на идните генерации.
Во реализацијата на практичната обука, дуалното образование или учењето преку работа покрај реалната слика дека се вклучени големите компании, потребно е да се поттикнат и малите и средни компании и да се обезбеди функционален систем за финансирање на стручното образование. Финансиската поддршка за вклучување на компаниите во СОО треба да се инструмент на политиката на државата.
На конференцијата произлезе идејата за формирање на фонд за поддршка на малите и средни комапнии за вклучување во стручното образование и беа донесени следниве заклучоци:

1. Помош за поедноставување на процедури и намалување на бирократија и администрација во процесот на реализција на практичната обука;
2. Подобра координација на наставните програми што се учат во училиште и работните процеси во компанијата;
3. Контрола на компаниите за изведување на практична обука и феријална практика;
4. Субвенционирање на меториите,
5. Работилници за едукација за процесот на реализирање на практичната обука;
6. Надомест за трошоци за лични и заштитни средства за учениците и материјали за учење,
7. Креирање регионални центри за едукација по струки;

 

 

м-р Наташа Јаневска
Проектен менаџер во Стручната служба на Комората