ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ БЕЛЕЖАТ ОГРОМНИ ЗАГУБИ КАКО РЕЗУЛТАТ НА ВЛАДИНАТА МЕРКА ЗА ЗАМРЗНАТИ ЦЕНИ НА ОДРЕДЕНИ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ
➢ Актуелно (21.04.2022, во 08:28:15)
👁 Прочитано: 638




ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ БЕЛЕЖАТ ОГРОМНИ ЗАГУБИ КАКО РЕЗУЛТАТ НА ВЛАДИНАТА МЕРКА ЗА ЗАМРЗНАТИ ЦЕНИ НА ОДРЕДЕНИ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ

 

Поразителни резултати за домашните прехранбени компании како резултат од замрзнувањето на цените на лебот и зејтинот (мерка која важеше од почетокот на декември 2021 година па до крај на февруари 2022 година). Нути граѓаните не се задоволни од мерките кои беа преземени за заштита на нивниот стандард. Во бројните анкети во овој период најбројни беа поплаките дека не може да се најде масло по цени пониски од 90 денари за литар и бројни анкетирани лица беа револтирани затоа што цените за литар сончогледново масло надминуваа 110 денари за литар. Тоа резултираше со стампеда по маркетите, а производителите најавуваат цена од 120 до 150 денари за литар.

 Мерките на Владата, предложени од Министерството за економија направија „цунами“ во домашното производство на масло за јадење и на леб. Витаминка, една од најстарите и најреномирани членки на Стопанската комора на СМ, за периодот во кој Министерството за економија предложи, а Владата пресече со замрзнување на малопродажните цени, оствари загуба која се бележи од продажбата на маслото за јадење ‚Брилијант' како последница на Одлуката на Владата да се замрзнат малопродажните цени на маслото од 1.12.2021. Тоа замрзнување траеше се до крајот на февруари, но и до средината на март 2022 година, во кој период беа забележани големи загуби од продажбата на маслото за јадење. Само за февруари таа загуба ја чинеше компанијата околу 190.000 евра. Засега нема официјални податоци од другите два домашни производители на зејтин: велешки „Кристал“ и „Ал-Макс“ од Струмица, но сигурно е дека и овие компании книжеле загуба во работењето во периодот на замрзнатите малопродажни цени на маслото за јадење.

Можеби и полоша е состојбата кај домашните пекарници од кои за жал нема достапни официјални квартални резултати но информациите добиени од менаџерите на пекарниците за леб се застрашувачки. Трговеците на мало не се мотивирани да продаваат кога Владата не им дозволува да наплатат трговска маржа од продажбата на лебот на рафтовите. Токму тоа што не може да наплати трговска маржа за лебот ги мотивира да ги држат подолго парите што ги наплаќаат од малопродажба на лебот. Всушност работат со пари на производителите кои пак немаат механизни како да го наплатат лебот во нормални рокови. Од друга страна притискаат зголемените цени на нафтените деривати, брашното и струјата.

Служба за информирање при Комората