Цените на становите ќе се стабилизираат, но на сегашното, повисоко ниво
➢ Актуелно (11.04.2022, во 11:52:09)
👁 Прочитано: 1354



Повеќе причитајте на Локално.мк
Цените на становите ќе се стабилизираат, но на сегашното, повисоко нивоКликни за повеќе

Претседателката на Групацијата на агенции за недвижности при Стопанската комора на Северна Македонија, во интервју за Локално говори за актуелните состојби на пазарот на недвижности, трендовите во однос на цените на становите и прогнозите за следниот период.

„Во Скопскиот регион кој е и најатрактивен за градење станови, претходната година се издадени одобренија за изградба на 7.892 стана, што претставува 66 % од вкупниот број станови за кои се издадени одобренија за градење на територијата на целата држава“, вели во интервјуто Лилјана Ковачева .

Анализите покажуваат дека бројот на продажби на недвижности во 2021 г. од кои најголемиот број се во Скопје, има достигнато највисоко ниво во последните пет години. Во таа насока се и компарациите според кои во 2021 година е регистиран раст на трансакциите од 33,4 % во однос на 2020 година.

Економската логика која налага дека растот на побарувачката е секогаш следен со раст на цените е апсолутно применлив и во овој случај.

„Цените растат во Скопје и тоа, пред сѐ, на пазарно атрактивните локации, така што трендот на раст на овие локации е многу повисок. Би рекла помеѓу 15 и 20 %’’, вели Ковачева. Според неа, една од причините за зголемениот интерес за вложување во недвижности е инфлацијата. “Во вакви времиња се покажува дека вложувањето во недвижност е сигурна инвестиција за заштита на капиталот. Парите со инфлацијата ја губат вредноста, додека, пак, кај недвижностите таа расте, па логично е инвеститорите да го гледаат вложувањето во недвижности како сигурна заштита на капиталот“, дополни Ковачева.

Целото интервју е достапно на следниот линк.

 

Служба за информирање при Комората