КОИ НАМИРНИЦИ НАЈМНОГУ ЌЕ ПОСКАПАТ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА
➢ Актуелно (10.04.2022, во 14:10:51)
👁 Прочитано: 673




КОИ НАМИРНИЦИ НАЈМНОГУ ЌЕ ПОСКАПАТ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА

 

До крајот на годината се очекува поскапување на различни прехранбени производи, а американското Министерство за земјоделство во својата прогноза наведе за која храна станува збор. Според истиот извор, цените на храната во февруари 2022 година биле за 7,9% повисоки отколку во февруари 2021 година, а како главна причина за зголемувањето на цените се наведува конфликтот во Украина.

Поради пореметувања во синџирот на снабдување, но и климатските промени, ова се прехранбените производи кои би можеле да поскапат до крајот на годината. Масти и масла – Се очекува мастите и маслата да поскапат за 6 до 7%. Свежо овошје се очекува да поскапи од 5 до 6%, а свежиот зеленчук 1 до 2%. Кај преработено овошје и зеленчук се очекува зголемување на цените од 4,5 до 5,5%. Шеќер и слатки – се очекува поскапување од 3 до 4%. Житариците и пекарските производи ќе поскапат од 3 до 4%. Кај безалкохолни пијалоци цените ќе се зголемат за 3,5 до 4,5%.

Една од главните причини за растот на цените е војната во Украина. Руската инвазија на Украина предизвика недостиг на ѓубрива, го наруши земјоделството ширум светот и доведе до пораст на цените. Покрај војната, на нарушувањето на цената влијаеја и климатските промени. Имено, уште пред руската инвазија, влошената климатска криза го отежна снабдувањето со храна. ОН претходно известија дека во текот на следните три децении „безбедноста на храната ќе биде сериозно загрозена доколку мерките за справување со климатските промени и ранливоста на системот за храна од климатските промени се преземат со мал или никаков обем. Непредвидливите временски прилики можат да му наштетат на производството на храна. На пример, зголемувањето на температурата на морето и океаните го нарушува снабдувањето со риби и јастог, е посочено во анализите.

Служба за информирање при Комората