ВЛАДАТА НА СРБИЈА ОДОБРИ ИЗВОЗ ЗА ПЧЕНИЦА ЗА РС МАКЕДОНИЈА
➢ Актуелно (08.04.2022, во 09:31:18)
👁 Прочитано: 1304




ВЛАДАТА НА СРБИЈА ОДОБРИ ИЗВОЗ ЗА ПЧЕНИЦА ЗА РС МАКЕДОНИЈАКликни за повеќе

 

Владата на Србија на вчерашната седница одобри извоз на меркантилна пченица и меркантилна пченка во Македонија, за договори склучени пред стапувањето во сила на времената забрана за извоз на основни земјоделски производи. Неколку пати се најавуваше дека Србија би можела да донесе ваква одлука и за Црна Гора, но во денешната одлука на Владата не се споменува таа земја.

Во соопштението се вели дека Владата донела Заклучок со кој се одобрува извоз на меркантилна пченица и меркантилна пченка на правни лица кои извезуваат во Македонија врз основа на договори склучени пред влегувањето во сила на Одлуката за привремена забрана за извоз на основните земјоделски прехранбени производи. Овој заклучок овозможува реализација на веќе договорените деловни аранжмани меѓу компаниите од Србија и регионот.

Служба за информирање при Комората