DRS -за Северна Македонија – презентација на стратешки документ за можностите за максимално собирање на контејнери за пијалоци за еднократна употреба
➢ Актуелно (30.03.2022, во 08:52:56)
👁 Прочитано: 1764




DRS -за Северна Македонија – презентација на стратешки документ за можностите за максимално собирање на контејнери за пијалоци за еднократна употребаКликни за повеќе

 

На иницијатива на Министерството за животна средина во просториите на Стопанската комора, на 29.3.2022 година се одржа работна средба со претставници на министерството со цел презентација во делот на проширената одговорност на производителите на отпад од пакување, која се спроведува со помош на консултанти од Р. Унгарија (IFUA Horváth & Partners Kft.) и претставници од компании членки на Комората во делот на производители на спакувани производи од индустријата за пијалаци (алкохолни и безалкохолни) и трговци на големо (ланец на маркети).

Целта на проектот е да се изработи сеопфатна анализа за можното спроведување на „Депозит Реверс Систем“ или „Систем за враќање на отпадно пакување“ за РС Македонија. Сè поамбициозните цели воспставени со новите закони за отпад (цели за собирање на отпад од пакување) бараат и нови стратегии за собирање во согласност со циркуларната економија.

Дебатата и разговорите кои се развија на средбата ќе треба да послужат како основ за размислување и можност за воведување во рамки на законските прописи за отпад да се спроведе „Депозит Реверс Систем“ или „Систем за враќање на отпадно пакување“ во земјата.

Како земја-кандидат за членство Северна Македонија треба да ги исполни регулаторните цели на ЕУ за управување со отпад. Сè поамбициозните цели за собирање на отпад од пакување заедно со целта за максимално собирање на овие текови на отпад имаат потреба од нови стратегии за собирање кои се повеќе во согласност со критериумите за циркуларна економија. Целта на проектот е да се создаде сеопфатна анализа на можностите за добро осмислена имплементација на системот за враќање на депозитите за Северна Македонија што опфаќа:

• сеопфатна анализа на сегашната ситуација (вклучувајќи регулаторна средина);

• презентација на најдобрите практики во ЕУ;

• детална елаборација на модел кој опфаќа економски, финансиски, организациски и институционални прашања.

ДРС системот во земјата ќе се разработува во 6 фази

-Подготовка на детален проектен план, тајминг, дефинирање на проектната организацијаFinalisation of the framework of analysis

-Барање за податоци

-Преглед на тековните национални и меѓународни практики од оперативни, ефикасност и регулаторни аспекти

-Поставување стратешки насоки

-Дефиниција на можни оперативни модели

-Евалуација на оперативните модели на високо ниво

-Избор до 2 оперативни модели

Потоа ќе следи детална елаборација на избраните модели (процеси, институционална позадина), анализа на финансиско влијание, избор на модел што треба да се имплементира како и обезбедување инпути за законодавство, анализа на ризик

Во рамките на евалуацијата ќе бидат анализирани елементите на системот за депонирање на отпад од контејнери за пијалоци, функционирањето на системот:

Ќе бидат разгледани националните и меѓународните регулативи, операции и нивната ефикасност, испитани меѓународните трендови, ефективни модели на работа, со посебен фокус на најдобрите практики (Естонија, Латвија). Притоа ќе се фокусираме на пакувањето за пијалоци за еднократна употреба (ПЕТ, стаклени шишиња, алуминиумски лименки). Ја зголемуваме можноста за интегрирање на пакување пијалоци за повеќекратна употреба во системот. Други пакувања од ПЕТ, стакло и алуминиум се надвор од опсегот. Проектот ќе се реализира во рок од 6 месеци

Васко Ристовски
Менаџер во организационата целина за претставување на членките и вмрежување