Текстилните компании имаат зголемени нарачки од странските партнери
➢ Актуелно (22.03.2022, во 12:13:13)
👁 Прочитано: 633




Текстилните компании имаат зголемени нарачки од странските партнери

Пазарите во Европа се отворија по коронакризата, по што македонските текстилни компанија бележат зголемени нарачки од странските партнери истакнува Ангел Димитров претседател на Здружението на текстилната и кожарската индустрија при Стопанската комора  на Северна Македонија.

Барањата на странските компании се толку големи што во моментов тешко може и да се задоволат, од причина што лани во текстилниот сектор е намален и бројот на вработени. Моментално се повеќе се бараат текстилните производи, но доаѓа проблемот со порастотот на цените на енeргенсите, електрична енергија, што ја плаќаме на слободен пазар, која е четири пати поскапа. Македонските текстилни компании од странските партнери бараат повисоки цени на производите кои ги шијат, но ова зголемување не го следи растот на трошоците. Прашањето е колку нашите партнери можат да ги покачат нашите услуги, цени за да ние ги покриеми тие трошоци, каде не е работа само да работите, ако создавате само загуба една или две години, после тоа не можете да функционирате, вели Димитров. Анализите  колку ќе влијае зголемувањето на минималната плата во текстилниот и кожарскиот сектор ќе се прават кон крајот на месецот, кога ќе се спремаат мартовските плати за исплата на работниците.

Исто така текстилните компании се соочуваат со проблемот тоа што работниците им се на возраст од над 45 години, а  младите не се зиантересирани да работат во овој сектор, а тоа се гледа и во бројот на запишани ученици во стручните училишта.

 

Сашо Деспотоски
соработник во организационата целина за претставување на членките и вмрежување