ДОПОЛНИТЕЛНИ СУБВЕНЦИИ ЗА СПАС НА ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА СВИНСКО МЕСО
➢ Актуелно (06.03.2022, во 09:29:13)
👁 Прочитано: 657




ДОПОЛНИТЕЛНИ СУБВЕНЦИИ ЗА СПАС НА ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА СВИНСКО МЕСО

 

По одржаната работна средба помеѓу ресорниот министер и претставници на здруженијата на одгледувачи на свињи, а која беше иницирана од страна на Стопанската комора на Северна Македонија и на која се разговараше за потребата од донесување на нови мерки за поддршка на свињарството и за одржување на домашното производство на свинско месо. беше договорено преку планираната Програма за интеревентен фонд, да се обезбеди дополнителна мерка од 1.500 денари по грло за гоеници со тежина над 90 килограми предадени во преработувачки капацитети во периодот од феврурари до април. Мерката е на барање на Групацијата за свињарство и се воведува поради падот на цените по заклано грло и покачување на цената на добиточна храна, а со цел да се анулираат трошоците на сточарите, и да имаат одржливо производство на домашно свинско месо. Со носење на ваквата мерка нема да има никакво покачување на цените на свинско месо на домашниот пазар кој целосно се задоволува од домашно производство.

Дополнително беше договорено и за воведување на нова мерка во годинешната Програма за финансиска поддршка, односно нова субвенција од 3.000 денари по маторица за категоризирани фарми. Корисници на оваа подмерка се сточарите кои ги исполнуваат условите за биосигурност од низок и среден ризик согласно регистарот на одгледувалишта по категорија во кој одгледувалиштата се класифицирани согласно утврден степен на ризик кој го следи АХВ.

Воедно, се прават подготовки за нов наменски оглас за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп за сточари. Овие две мерки се дополнителен стимул за развој на свињарството во износ од скоро два милиони евра.

.

Васко Ристовски
Менаџер во организационата целина за претставување на членките и вмрежување