Витаминка ги претставува своите производи на саемот ISM 2022 во Келн, Германија, којшто се одржува од 30ти јануари до 2ри февруари. ISM 2022 е најголемото саемско случување за кондиторски производи и присуството на овој саем е единствена можност за воспоставување нови деловни релации и пробивање на странски пазари. Оваа саемска манифестација важи за најдоброто место каде што една компанија може да се информира за движењата на пазарот и за сопствените компетитивни предности.
ISM Келн е најголем светски саем специјализиран за кондиторија. Тука изложуваат најзначајните фирми од оваа индустрија и доаѓаат посетители од целиот свет. Годинава, иако под пресија на пандемијата, со програмата, учесниците, активностите и можностите што ги нуди, ISM Келн уште еднаш си ја потврди репутацијата како најзначајно место за промовирање на еден производител. Витаминка е редовен изложувач на овој саем и според досегашното искуство можеа да се уверат во придобивките и реалните резултати. Истовремено, со својата разновидна, богата и квалитетна понуда високо се позиционираа на нивото на најреномираните светски производители и изложувачи присутни тука.
Оваа година на саемот во Келн учествуваат повеќе од 1800 производители од 76 земји од светот, а се очекуваат повеќе од 38 000 посетители од индустријата и сегментот кондиторија сите страни на светот.