КОМПАНИЈАТА МАГНОМЕТАЛ ПРЕКУ СВОЈАТА МРЕЖА НА ПАРТНЕРИ Е ПОДГОТВЕНА ДА ОДГОВОРИ НА ПОТРЕБИТЕ ЗА СУРОВИНИ ЗА БИО РАЗГРАДЛИВИ КЕСИ
➢ Актуелно (06.12.2021, во 09:02:49)
👁 Прочитано: 1445




КОМПАНИЈАТА МАГНОМЕТАЛ ПРЕКУ СВОЈАТА МРЕЖА НА ПАРТНЕРИ Е ПОДГОТВЕНА ДА ОДГОВОРИ НА  ПОТРЕБИТЕ ЗА СУРОВИНИ ЗА БИО РАЗГРАДЛИВИ КЕСИ

Со стапувањето на сила на забраната за употреба на оксо-разградливи пластични кеси и нивна замена со целосно био-разградливи кеси, голем број од производителите се исправени пред предизвик и се соочуваат со сериозни потешкотии во своето работење, некои поради недостиг од суровини, а други поради неусогласени технолошки процеси. 

Магнометал, преку својата мрежа на партнери, е во можност да го снабди македонскиот пазар со потребните суровини кои на еден дел од производителите ќе им овозможат непречено производство, а преку соработката со реномирани светски производители на машини ќе овозможи другиот дел од производителите да започне со прилагодување на производствените процеси. 

Тргнувајќи од свесноста дека ова може да претставува сериозен финансиски удар за компаниите, соработката на компанијата со консултантски куќи има за цел да придонесе за остварување на правото на поврат на дел од новите инвестиции, преку државните мерки за помош при инвестирање во услови на ковид пандемија или преку фондовите на Европската Унија.

Магнометал е компанија – членка на Стопанската комора на Северна Македонија која на македонскиот пазар постои триесет години. Веќе три децении важи за професионална и доверлива компанија за што сведочат бројните референци за успешно завршени проекти. Во текот на изминатата година компанијата успешно го заврши процесот на ребрендирање со кој во преден план се ставаат зелените технологии и програмските решенија насочени кон циркуларна економија. Благодарение на оваа стратешка определба, во изминатиот период компанијата успеа да се позиционира како сериозен регионален добавувач за пазарите во нашата земја, но и Косово и Албанија.

Веб страна на компанијата: https://www.magnometal.com.mk/ 
 

Служба за информирање при Комората