Пријавете се за 6 месечната Програма за развој на мали и средни бизниси-Интервју со Ристо Јаневски
➢ Актуелно (25.11.2021, во 13:51:49)
👁 Прочитано: 440



ШТО СЀ ТРЕБА ДА ЗНАЕ ЕДЕН МЕНАЏЕР? Поуки за младите бизнисмени од менторот Ристо Јаневски-Пренесено интервју на Ристо Јаневски за плусинфо.мк
Пријавете се за 6 месечната Програма за развој на мали и средни бизниси-Интервју со Ристо Јаневски

Во интервјуто за Плусинфо.мк, Ристо Јаневски зборува за она што ќе го добијат слушателите на предавањата во рамки на  Програмата за развој на мали и средни бизниси што ја организира Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања кој е еден од четирите совети неодамна формирани од Стопанската комора на Северна Македонија. Целта на овие нови коморски тела е да се отворат перспективи за иновации, знаења и развој на нови услуги и институции кои се од директна корист за компаниите. Школата за развој на мали и средни бизниси започнува на 9 декември а ќе трае до почетокот на јуни 2022 година. Предавачи се 30-тина реномирани претставници од бизнис секторот, академската и научната фела кои ќе пренесат практични искуства.

Осумте модули од оваа Програма треба да го поткрепат слушателот со една општа менаџерска култура која треба да ја има современиот менаџер. Слушателите ќе се стекнат со знаење и вештини потребни за секојдневното тековно работење на компанијата.

Целото интервју на Ристо Јаневски, директор за стратешко планирање и развој во ОКТА АД Скопје, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Северна Македонија, претседател на Здружението за енергетика при Комората и ментор и предавач на Програмата за развој на мали и средни бизниси во рамките на Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања, можете да прочитате на следниот линк: Интервју на Ристо Јаневски за Плусинфо.мк

д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска
потпретседател на Стопанска комора на Северна Македонија и проектен менаџер за развој на советите