ТЕЛЕГРАМА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, БРАНКО АЗЕСКИ ДО СЕМЕЈСТВАТА НА ЗАГИНАТИТЕ ВО СООБРАЌАЈНАТА НЕСРЕЌА
➢ Актуелно (24.11.2021, во 09:10:16)
👁 Прочитано: 245




ТЕЛЕГРАМА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, БРАНКО АЗЕСКИ ДО СЕМЕЈСТВАТА НА ЗАГИНАТИТЕ ВО СООБРАЌАЈНАТА НЕСРЕЌА

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, упати телеграма со сочувство до семејствата на загинатите во сообраќајната несреќа во Република Бугарија.

- Во мое лично име и во име на бизнис заедницата изразувам длабоко сочувство за болката и страдањето на семејствата и роднините на загинатите во страотната сообраќајна несреќа, и посакувам брзо закрепнување на повредените во оваа тешка катастрофа. Нашите мисли ги упатуваме кон оние кои ги загубија своите најсакани.-

Бранко Азески

Служба за информирање при Комората