КОМПАНИЈАТА DM DROGERIE БЕЛЕЖИ РАСТ И РЕКОРДЕН БРОЈ НА ДОНАЦИИ ВО 2021
➢ Актуелно (12.11.2021, во 12:10:14)
👁 Прочитано: 1713




КОМПАНИЈАТА DM DROGERIE БЕЛЕЖИ РАСТ И РЕКОРДЕН БРОЈ НА ДОНАЦИИ ВО 2021

 

 

 

 

Компанијата DM DROGERIE` во Република Северна Македонија оствари рекорден промет од речиси 1.4 милијарди денари, што претставува раст од 31,3% во однос на претходната година, додека на ниво dm Групација во Европа забележан е промет од  12,26 милијарди евра;

·  Рекордна сума на донации во вредност од 4,8милиони денари;

·  20 продажни објекти во 9 градови – продажната мрежа се прошири во Охрид и Гостивар;

·  Најголем понудувач на сопствени трговски брендови со понуда на речиси 4.000 производи.

https://ads.faktor.mk/www/delivery/lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=47&loc=https%3A%2F%2Ffaktor.mk%2Fkompanija-dm-drogerie-markt-izvonreden-dvocifren-rast-i-rekorden-broj-na-donacii-vo-delovnata-202021-1&cb=c2867d6d66Со ваков позитивен биланс компанијата ја заврши својата 9-та деловна година на македонскиот пазар. Најголемиот дрогериски ланец во Европа, покрај континуираниот раст, оваа година ја одбележа и со рекордна сума на хуманитарни донации од 4,8 милиони денари. Со ова, dm drogerie markt не само што го потврдува епитетот на една од најуспешните, туку и на една од најпосветените општествено-одговорни компании. Во деловната 2020/21 година, dm ја прошири својата продажна мрежа со 2 нови дрогерии во 2 нови градови во нашата земја, со што, моменталниот број на продажни објекти на dm изнесува 20 дрогерии во 9 градови. Покрај 12-те дрогерии во Скопје, купувачите можат да ги уживаат производите и услугите на најголемиот европски дрогериски ланец и во Тетово, Велес, Куманово, Штип, Битола, Струмица, Гостивар и Охрид. Дополнително, во оваа деловна година, компанијата инвестираше речиси 55 милиони денари во модернизација на постоечките и отворање на нови продажни објекти. Со ова, дрогерискиот ланец продолжува да ја оправдува довербата на своите купувачи, што се потврдува и преку резултатите од online анкетата на компанијата спроведена оваа година,  на која повеќе од 95% се изјасниле дека го доживуваат dm како безбедно место за пазарување во текот на пандемијата, а повеќе од 85% чувствуваат дека купувачот е на прво место.

https://ads.faktor.mk/www/delivery/lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=47&loc=https%3A%2F%2Ffaktor.mk%2Fkompanija-dm-drogerie-markt-izvonreden-dvocifren-rast-i-rekorden-broj-na-donacii-vo-delovnata-202021-1&cb=f33418486cКомплетната понуда на dm опфаќа повеќе од 14.500 производи, со што овие дрогерии на своите купувачи им нудат совршена можност за пазарување сè на едно место. https://ads.faktor.mk/www/delivery/lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=47&loc=https%3A%2F%2Ffaktor.mk%2Fkompanija-dm-drogerie-markt-izvonreden-dvocifren-rast-i-rekorden-broj-na-donacii-vo-delovnata-202021-1&cb=a58e289fd0Кога е во прашање македонскиот пазар, dm, со повеќе од 300 производи од сопствената марка- dmBio, претставува најголем понудувач на органска храна.

Со унапредување и дигитализирање на секојдневното работење, компанијата цели кон подобрување на процесот на услужување и советување на купувачите во продажните објекти. Како дел од оваа заложба, компанијата разви своја дигитална платформа „dm-Lernwelt – Свет на учење“ преку која секој вработен може да се информира за актуелните теми, да посетува online курсеви и обуки и да придонесува кон својот личен и професионален развој.  

  

 

Васко Ристовски
Менаџер во организационата целина за претставување на членките и вмрежување