Јавна расправа на Македонската енергетска асоцијација - МЕА по Предлог-законот за енергетика -СПОРНА ПРЕГОЛЕМАТА ИНГЕРЕНЦИЈА НА РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА

   

АКТУЕЛНО / 17.09.2010
👁 Прочитано: 943


Јавна  расправа на Македонската енергетска асоцијација - МЕА по Предлог-законот за енергетика -СПОРНА ПРЕГОЛЕМАТА ИНГЕРЕНЦИЈА НА РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА

     Во организација на Македонската енергетска асоцијација, на 17 септември 2010 година во Стопанската комора на Македонија се одржа првата јавна расправа по Предлог-законот за енергетика, особено значајна регулатива за Република Македонија.
     Учество на јавната расправа зема и министерот за економија, д-р Фатмир Бесими, кој даде образложение на предложениот текст на законот.
Законот за енергетика се подготвуваше транспарентно, истакна тој, заедно со надворешни експерти и честа комуникација со други институции, како и со косултации со Евопската енергетска заедница.  Со изготвувањето на овој закон направенао е потребното усогласување на нашето со европското законодавство во енергетскиот секор, а исполнети се и обврските према Европската енергетска заедница.


     Со предложениот текст се уредуваат целите на енергетската политика, нејзина реализација преку регулирање на енергетските дејности,  регулирање одделно на пазарот на сите видови енергија, условите за унапредување на енергетската ефикаснот и за обновливите извори на енергија. При дефинирањето на законските обвсрки со кои се регулираат енергесксите пазари, се имаа предвид спецификите на нашиот енергетски пазар., посочи минситерот Бесими.
 Законот предвидува нов начин на планирање на енергетските потреби  со цел обезбедување сигурност во снабдувањето со енергија, целосна либерализација на пазарот на електична енергија, топлинска енергија и природен гас до 2015 година која е во функција да се обезбедат поквалитетни и пореални услуги во енергетскиот сектор.
     Законот исто така го регулира и постигнувањето на таргетите во однос на агендата на  ЕУ,  до 2020, а тоа е - 20% од енергија да е од обновливи извори и за 20% да се намали емисијата на стакленички гасови.
     Од 2015 година  и домаќинствата стануваат квалификувани потрошувачи и се јавуваат на слободниот пазар. A со цел да се обезбеди посигурно снабдување  воведена е категојата:  снабдувач во краен случај.
     Она што се сака да се постигне со законот е: зголемена конкуренција на енергетскиот пазар и поголема сигурност кај потрошувачите, одржлив  развој на енергетскиот сектор, подобрување на енергетската ефикасност, зголемување на учеството на енергијата произведена од обновливи извори, долгорочна сигурност во снабдување со енергија и што е исто така значајно, предвиден е транзиционен период за примена на делови  од законот,  со цел да се даде простор за прилагодување кон новиот систем на  либерализација на пазарот.
     На крајот од своето излагање, министерот Бесими истакна дека со овој закон,  веќе донесените два стратешки документи: Стратегијата за енергетика и Стратегијата за обновливи извори на енергија, како и со Стратегијата за енергетска ефикасност која е во фаза на усвојување, на целосен и конзистентен начин се заокружува една област која е од клучно значење, како за индустријата, така и за граѓаните на РМ.


      На јавната трбина најнапред се искажа поддршката за  донесувањето на овој важен закон за вкупното живеење во РМ. Оценка е дека тој  ги имплементира Европските директиви, а од голема важност е предвидената целосна либерализацијатна енергетскиот пазар, со создавање конкурентност кај производителите и снабдувачите на енергија.
     Претставниците на енергетскиот сектор на РМ ги изнесоа следните забелешки: 
 
     - Законот дава преголеми ингеренции на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), што не би било спорно доколку РКЕ го има потребниот капацитет да биде независно тело, кое ќе остане надвор од влијанието на власта. Со постојната регулатива на РКЕ и` се дозволува завлегување во проблематика регулирана со други закони во РМ, на пример, Закон за облигации, Закон за хартии од вредност и др. Покрај тоа, законот не предвидува пенали за работата на РКЕ;
     - во законот се фаворизираат одделни   енергетски субјекти за сметка на други, особено на пазарот на нафта и нафтени деривати; 
     - не се одредени на ист начин снабдувачот на електична енергија во краен случај и снабдувач на природен гас во краен случај, со тоа што снабдувач во краен случај за гас  да важи само за  потешко пристапните и малите потрошувачи, како и за домаќинствата;
     - проблематична е одредбата ЕВН Македонија да увезува струја. Тоа, технички е потешко изводливо поради диспаритетот на ноќна и дневна енергија. За производителот потребна е можноста да увезува електрична енергија за оптимизирање на производството;
     - не е разграничено пренос од дистрибуција на природен гас,  што би можело да предизвика забуни;
     - спорно е што сега РКЕ дава дозвола за „повластен производител“ иако досега тоа го правеше Агенцијата. Затоа потребно е да се поделат ингеренциите меѓу Агенцијата за енергетика и РКЕ и да се отстранат одредбите каде што има дуплирање на надлежностите на Агенцијата и Министерството за економија.

 

     Посериозна забелешка е неадекватното дефинирање на малите потрошувачи што остава можност и по 2015 година да не се направи предвидената целосна либерализација на енергетскиот пазар. Со предложената дефиниција како мали потрошувачи во Македонија може да се сметаат дури 95 отсто од фирмите со што до 2015 година остануваат во регулираните снабдувачи со електрична енергија. Ако тоа не се смени, постои сериозна опасност дека пазарот на електрична енергија нема да се либерализира и во 2015 година бидејќи ќе треба да се случи одеднаш, а не како што е планирано постепено;
     -  спорна  е и одредбата со која статусот снабдувач може да се добие само со над 100 илјади корисници, од причина што тоа воопшто не е можно да се  постигне кај снабдувачите со гас и топлина;
     - во услови кога сите снадбувачи се приватни компании, законот нема решение што ќе се случи ако фирмата стане инсолвентна. Потребни се јасни законски решенија како државата ќе реагира за да ги заштити потрошувачите;
     - круцијален проблем, кој треба децидно да се реши  во законот е  како да се реши снабдувањето во државата кога фирмата која го врши има одредени проблеми;
     - потребни се решенија во случај кога фирмата има потреба да ја врати лиценцата за снабдување, бидејќи следниот чекор е финансиска инсолвентност.
Ова се дел од генералните забелешки по предложениот текст на Законот. 

     Учесниците во јавната расправа овие и останатите забелешки ќе ги достават до Министерството за економија, со цел  нивно вградување во конечната верзија на законот.

     На крајот од дискусијата, министерот Бесими ја искажа подготвеноста да ги разгледа забелешките искажани во расправата и тие што во писмена форма ќе бидат доставени до Министерството за економија.  При тоа, истакна дека не постои идеален закон и  реално не може во едно законско решение да се задоволат барањата на сите страни. Но најважно е да се предвидат законски решенија кои се пред се` во интерес на потрошувачите и компаниите кои работат на полето на енергетиката, кои се доусогласени со европските директиви и регулативи од областа на енергетиката, и што е особено важно, кои ќе обезбедат континуитет и стабилност во снабдувањето со енергија.

                                                                                              Зорица Мешкова 

   
     
...