Конференција и промоција на публикација „Во фокусот на енергетиката“ - МАКЕДОНСКИОТ ЕНЕРГЕТСКИ СЕКТОР Е ПРИМАМЛИВ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ

   

АКТУЕЛНО / 16.06.2010
👁 Прочитано: 946


Конференција и промоција на публикација „Во фокусот на енергетиката“ - МАКЕДОНСКИОТ ЕНЕРГЕТСКИ СЕКТОР Е ПРИМАМЛИВ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ

Расте интересот на големи светски  компании за вложување во енергетскиот сектор на Југоисточна Европа, и тоа како во конвенционални извори,  така и во енергетски капацитети за искористување на обновливите извори на енергија. Ова беше истакнато на Конференцијата под наслов „Во фокусот на енрергетиката„, при што се одржа и на промоцијата на истоимената публикација (15.6.2010 година).


- Публикацијата е наменета за  потенцијалните инвеститори во енергетиката во Регионот со намера  да им даде практични совети,  да ги запознае со актуелните пазарни можности, со моменталните услови за вложување и со перспективите за развој на енергетските системи во Регионот, истакна Милош Вучковиќ, од енергетскиот тим на регионалното друштво за правен консалтинг Карановиќ и Николиќ, организатори на конференцијата и  издавачи на публикацијата „Во фокусот на енергетиката„.  Целта на Конференција,  беше да се даде осврт на измените на правната  рамка за енергетскиот сектор, на местото на приватниот сектор и на условите за инвестирање во Република Македонија.
Министерот за економија, д-р Фатмир Бесими,  во своето обраќање  пред присутните стопанственици, претставниците на научната јавност и  на меѓународни организации, најнапред истакна дека овој сектор е приоритет на Владата на Република Македонија и ги изнесе активностите на државава, која е актуелен претседавач со Енергетската Заедница, на планот на развојот на енергетиката и создавање услови за стабилен и одржлив енергетски систем во државата. Тој посебно се осврна на  стретешките документи за овој сектор, донесената Стратегија за развој на енергетиката на РМ до 2020 со визија до 2030 година, и двете  стратегиии кои се во фаза на донесување -   Стратегијата за обновливите извори на енергија и Стратегијата за унапредување на енергетската ефикасност.  Во тек е усогласување на нашата со европската регулатива на овој план со донесувањето  на нов Закон за енергетика, кој наскоро ќе се најде на јавна расправа, а се планираат и одредни инвестициони зафати во овој сектор.  Во склад со значењето на енерегетскиот сектор, тој ја поздрави активноста на КН за промоција и актуелизирање на енергетиката во регионот, а РМ е прв домаќин на оваа регионална  промоција, како лидер во регионот од аспект на приоритетот што го дава на овој сектор, но и од аспект на енергетскиот потенцијал, привлечен  и за странските вложувачи.
Во името на Македонската енергетска асоцијација, претседателот,   д-р Димитар Хаџи Мишев.  Публикацијата ја оцени како особено корисна за сите инвеститори кои сакаат да станат дел од енергетскиот сектор во РМ и во Регионот. Факт е дека  по подолг период на дезинвестирање, карактеристичен за  сите земји од регионот, неопходно е да се создадат услови  за започнување инвестиционен циклус, при што од особено значење е да се привлечат инвестиции  од приватниот сектор. Долгиот период не неинвестирање во енергетскиот сектор, особено отуството на green fild инвестици (прва и најголема приватна green fild инвестиција во регионот е ТЕ-ТО-Скопје) е резултат и на депресираните цени на енергенсите, особено на електичната енергија, што доскоро ја депласираше и енергетската ефикасност, што како директна последица ја има заштедата на енергија. Овие состојби предизвикаа и пасивност на институциите и нивна неподготвеност да ги следат инвестициите во секторот.  Зголемените потреби од сите видови енергија, евидентни во измниатиот неколкугодишен период, наметнува задача за Владите да создадат услови секторот енергетика да стане атрактивен за инвестирање. Енергетскиот сектор е основа за функционирање на секоја држава, а без стабилен енергетски систем не може реално да се очекуваат инвестиции во другите сектори.
На Конференцијата беше презентирана и Програмата на Европската банка за обнова и развој и условите за кредитирање проекти од областа на обновливите извори на енергија и на енергетската ефикасност. Овие кредитни линии се во функција на поттикнување, особено на енергетската ефикасност, со оглед дека земјите од Западен Балкан, вклучително и РМ, трошат 7 пати поголеми количини енергија, а исто  така се поголеми и вредностите на емисиите на CО2. Поздравувајќи ја програмата на ЕБРД псиутните стопанственици оценија дека нејзината промоција и афирмација во јавноста ќе придонесе во унапредувањето на енергетската ефикасност во државата.

                                                                                                Зорица Мешкова