Јавен повик за прибирање на понуди за набавка на јаглен (лигнит) за РЕК Битола и РЕК Осломеј
➢ ОГЛАС (13.10.2021, во 12:30:03)
👁 Прочитано: 225




Јавен повик за прибирање на понуди за набавка на јаглен (лигнит) за РЕК Битола и РЕК Осломеј

Почитувани,

Врз основа на член 23, став 1, точка 10 од Законот за јавни набавки, АД за производство на електрична енергија ‟Електрани на Северна Македонија“-Скопје, во државна сопственост, објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК бр. 01-51-2021 година
за прибирање на понуди за набавка на јаглен за потребите на РЕК Битола и РЕК Осломеј

 

1. ОПШТИ ОДРЕДБИ
1.1. Повик бр. 01-51/2021 е А.Д. Електрани на Северна Македонија" - Скопје, со седиште на ул. 11 Октомври бр.9, Скопје.
1.2. Предмет на набавката е: јаглен (лигнит), за потребите на РЕК Битола и РЕК Осломеј
1.3. Набавката е делива како следи:
Дел 1 Јаглен (лигнит), за потребите на РЕК Битола
Дел 2 Јаглен (лигнит), за потребите на РЕК Осломеј
1.4. Повикот е јавен и анонимен, со право на учество на сите домашни и странски правни и физички лица регистрирани за ваква дејност и кои ги исполнуваат условите од тендерската документација.
Отварањето на понудите ќе се изврши во присуство на заинтересирани понудувачи.

2. ОБЕМ НА НАБАВКАТА

2.1. Количините за набавката се : вкупно цца 1.200.000 тони, и тоа за:
Дел 1 - цца 900.000 тони
Дел 2 - цца 300.000 тони
2.2. Количините се ориентациони и не се обврзувачки за АД ЕСМ. Стварно набавените количини ќе зависат од квалитетот на јагленот и средствата предвидени за оваа набавка.
2.3. Минималната количина која може да се понуди е дадено во тендерската документација.
2.4. Деталите околу оваа набавка се содржани во тендерската документација.


3..ПОДИГАЊЕ ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
3.1.Тендерската документација, заинтересираните понудувачи можат да ја подигнат по барање, на следната e-mail адреса: blaqica.markovik@elem.com.mk, секој работен ден (од понеделник до петок) во периодот од 8:30 до 15:00 часот, Контакт тел.: 02/3149-126; моб.: 070/274-296.

4. ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
4.1.Документацијата која понудувачите ја доставуваат, дефинирана е во тендерската документација.

5. НАЧИН И РОК НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
5.1.Понудувачите своите понуди треба да ги достават на следната адреса АД "Електрани на Северна Македонија", ул. 11 Октомври бр.9, Скопје.
5.2. Понудата се доставува во затворен коверт со назнака "не отварај", понуда по " јавен повик за набавка на јаглен - лигнит, со повикување на бројот на повикот.
5.3. Понудата се доставува преку пошта или во архивата на Купувачот.
5.4 Крајниот рок за доставување на понудите е: 18.10.2021 год. до 15:00 часот по локално време. (најдоцна до овој термин понудите да се во архивата на Купувачот).
5.5 Јавното отворање на понудите ќе се изврши на ден 18.10.2021 год. во 15:00 часот по локално време, во просториите на АД "Електрани на Северна Македонија", ул. 11 Октомври бр.9, Скопје во присуство на овластените претставници на понудувачите.


6. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
6.1.Понудите кои нема да бидат доставени до утврдениот рок и оние кои не се изработени според барањата од Тендерската документација, како и оние кои немаат целокупна документација која се бара, нема да се разгледуваат.
6.2. Претставниците на понудувачите треба да достават писмено овластување за учество на јавното отворање на понудите.

Во прилог е тендерската документација

Тендерска документација.pdf

Служба за информирање при Комората