СО ВКЛУЧЕНОСТ НА КОМПАНИИТЕ ВО УЧЕЊЕТО ПРЕКУ РАБОТА – ДО ПОКВАЛИТЕТНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И КАДАР
➢ Актуелно (08.10.2021, во 13:50:06)
👁 Прочитано: 511



МИК „Свети Николe„ ДОО Свети Николе верифицирана компанија за практична обука на ученици
СО ВКЛУЧЕНОСТ НА КОМПАНИИТЕ ВО УЧЕЊЕТО ПРЕКУ РАБОТА – ДО ПОКВАЛИТЕТНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И КАДАР

Со цел зајакнување на врските помеѓу потребите на пазарот на труд и вештините на младите што се развиваат преку образовниот систем, неопходно е зајакнување на соработката помеѓу работодавачите и училиштата. Сѐ поголем е интересот на компаниите да обучат ученици-идни вработени согласно нивните потреби, а идните учениците да се стекнат со соодветни вештини, да бидат поконкурентни на пазарот на труд и да најдат соодветно вработување согласно стручната подготовка.

Голем дел од компаниите се вклучија во процесот на практично обучување на ученици, и вработено лице од својата компанија обучија за ментор кое ќе ги води учениците низ процесот на практичната работа во компанијата. Со постоењето на обучени ментори во компании ќе го подобри квалитетот на соработката со училиштата и ќе се постигне поефективна практична обука на ученици.

МИК „Свети Николе“ има потпишано Меморандум за соработка со средното општинско училиште „Кочо Рацин“ Свети Николе и обучен кадар – ментори за практична обука.

МИК „Свети Николе“ поденесе Пријава за упис во Регистарот за верификација на работодавачите за практична обука на ученици за што тим од Стопанската комора на Северна Македонија на ден 07.10.2021 година, на Месна индустрија и кланица „Свети Николе“ ДОО,  Свети Николе, изврши увид во просториите и констатираше дека истата ги исполнува условите да прими ученици на практична настава. 

МИК “Свети Николе“ е компанија со најдолга традиција во месната индустрија во Република Северна Македонија. Има 50-годишната успешна приказна и овозможи на компанијата да прерасне во субјект со највисока репутација и непобитен легитимитет вo сегментот на месната индудстрија во нашата држава. 
Компанијата располага со современо обучен и респектиран менаџмент и кадар со највисок степен на компетентност, стручност и интегритет. Главен фокус  на активностите во МИК се насочени кон  задоволување на потребите на потрошувачите. Посебно внимание се посветува и на континуираното подобрување на квалитетот на производите, а во секоја фаза на работењето  инкорпорирани се меѓународните стандарди HACCP и ISO 9001-2000.
МИК Свети Николе е општествено одговорна компанија, која води постојана грижа за своите вработени, за пошироката заедница, за своите потрошувачи, а посветува посебно внимание и во спазување на еколошките стандарди во работењето..
Компанијата во текот на своето долгогодишно успешно работење, на локално и државно ниво има добиено и многу  награди и признанија.

Средното општинско училиште „Кочо Рацин“ Свети Николе е формирано во 1961 година и работи до ден денес. Во состав на ова училиште учениците можат да изберат да изучуваат гимназиска струка или стручното образование. Стручното образование е со три струки: земјоделско ветеринарна струка (образовен профил – техничар за фармерско производство, ветеринарен техничар, техничар за хортикултура, техничар за агроменаџмент, градинар-цвеќар); машинска струка (образовен профил – автотехничар-мехатроничар) и хемиско технолошка струка (образовен профил – месопреработувач). Практичната настава за учениците од земјоделско ветеринарна струка ќе се одвива во МИК „Свети Николе“, каде учениците ќе имаат одлична можност да се стекнат со практични вештини и знаења од областа што ја изучуваат.

М-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
Соработник во организационата целина за претставување на членките и вмрежување