ВЛАДАТА, КОМОРАТА И РЕГУЛАТОРОТ ВО АКЦИЈА
➢ Актуелно (06.10.2021, во 08:44:59)
👁 Прочитано: 661




ВЛАДАТА, КОМОРАТА И РЕГУЛАТОРОТ ВО АКЦИЈА

Денеска (5.10.2021 година) во Стопанската комора на Северна Македонија се одржа работна средба под раководство на претседателот на Комората Бранко Азески, со единствена точка на дневен ред, состојбата настаната со енормното покачување на цените на енергенсите на светските берзи.

На работната средба учествуваше и претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и претседателот на Регулаторна комисија за енергетика Марко Бислимоски.

По опсежната дискусија и размена на мислења, јасно беше дека кризата е реалност и дека ќе потрае подолг период, и ќе бара решенија кои ќе имаат и долгорочен и кракорочен карактер. За таа цел, мора да се изврши мобилизација на сите учесници во овој процес, затоа што тоа е од круцијален каратер за егзистирање и развој на македонската економија. На сите тие чинители паѓа голема одговорност, да ја менаџираат ситуацијата на највисоко професионално ниво и во согласност со веќе изграденото мислење на светските авторитети од оваа област дека времето на ефтината енергија полека привршува и дека ќе мора сите да ја прифатиме новата реалност.  
Стопанската комора на Северна Македонија да го сублимира мислењето на компаниите, Регулаторната комисија за енергетика во рамки на своите надлежности најенергично да ги санкционира сите снабдувачи кои неосновано, непрофесионално и бесправно ги откажуваат веќе склучените договори со компаниите и Вадата на Република Северна Македонија, која мора да изнајде начин да им помогне на компаниите во рамките на можностите. Во таа насока, се поздравува одлуката за интевентен увоз на јаглен за нашите електрани со кои ќе се подигне на максимално ниво нашето производство и се повикуваат компаниите да учествуваат на овој јавен повик, кој ќе овозможи нивна работа подолг период и поевтина електрична енергија и за нив и за домаќинствата.

 Се разговараше и за други модалитети што ќе бидат предмет на расправа во петок на средбата на засегнатите компании и надлежните институции, како можноста да државата преку ЕСМ обезбеди поголемо количество на струја со пониска цена, продолжување на процесот на инвестирање во обновливите извори на енергија итн.
Состојбата со гасот се очекува да биде стабилна до крајот на годината, а преговорите за наредната година ќе започнат кон крајот на овој месец.

Служба за информирање при Комората