САЕМ НА КНИГАТА 2021
➢ Актуелно (09.09.2021, во 15:38:19)
👁 Прочитано: 186




САЕМ НА КНИГАТА 2021

Под мотото „Безбедни саеми“, Саемот на книга е првата саемска манифестација која се одржува оваа година.

Поради безбедноста и оваа година Саемот на книга ќе се одржува на отворен простор кај А1 Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, односно поточната локација е кај Аква паркот.

Овој 32-ти  Саем на книга ќе се одржи од 8. до 14. септември, согласно сите здравствени протоколи за заштита на јавното здравје (носење маска, држење дистанца од 2 метра и дезинфекција), со тоа што при влез на саемот потребно е посетителите да прикажат сертификат за вакцинација или сертификат за прележан КОВИД-19 за сите лица над 18 години.

Саемот на книга оваа година се одржува по наслов “Читањето може да e опасно ... Добро!“  и е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија и Град Скопје. Истиот е организиран во соработка со Македонската асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија.
И оваа година се најавува понуда на голем број домашни и странски автори, странска литература, стручна, научна и белетристичка литература, книги за млади и деца. Најавените  над 60 издавачки куќи  најавуваат претставување на своите најнови изданија и големи саемски попусти до 70%.

И покрај ограничувањата кои се воведени поради пандемијата, се очекува посетата на саемот да биде на очекуваното ниво од повеќе од 20.000 посетители кои ќе може да уживаат во добрата книга.

Валентина Цветковска
Соработник во организационата целина за претставување на членките и вмрежување