ЗАДОВОЛСТВО НА ПАЗАРУВАЊЕТО ЗАОКРУЖЕНА НОВАТА ИНВЕСТИЦИЈА НА „СКОПСКИ ПАЗАР“ АД СКОПЈЕ ПО ПОВОД 70 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ
➢ Актуелно (03.09.2021, во 15:06:20)
👁 Прочитано: 2582




ЗАОКРУЖЕНА НОВАТА ИНВЕСТИЦИЈА НА „СКОПСКИ ПАЗАР“ АД СКОПЈЕ ПО ПОВОД 70 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ Кликни за повеќе

Со инвестицијата на Скопски пазар АД Скопје од 250 милиони денари целосно е реконструиран скопскиот Бит-пазар, едно од најголемите места за трговија во главниот град. Со новиот изглед и со зголемениот капацитет, реновираниот Бит-пазар прераснува во најголем пазар во државата. Инвестицијата е само потврда дека „Скопски пазар“ продолжува да ја негува традицијата и да се залага за зачувување на духот на пазарот, бидејќи шмекот на градот се чувствува на  градските пазари. 

„Скопски Бит-пазар е нераскинлив дел од центарот на градот, споен со Старата скопска чаршија, економска артерија на градот“, истакна генералниот директор на „Скопски пазар“ АД Скопје, Младен Дамев.

„На локација од 8.800 квадратни метри, капацитетот на зелениот пазар е 630 тезги,175 локали и нови 220 паркирни места. Се обезбедија современи услови на Пазарот, но и препознатлив објект, гордост на Скопски пазар’“, посочува првиот човек на компанијата. 

Директорот Дамев рече дека цените за закуп ќе останат исти. https://ads.faktor.mk/www/delivery/lg.php?bannerid=1695&campaignid=1100&zoneid=47&loc=https%3A%2F%2Ffaktor.mk%2Fse-otvori-noviot-bit-pazar-cenite-za-zakup-na-tezgite-ostanuvaat-isti&cb=203b28c441Од 4.500 денари нагоре месечно е закуп за тезга. Дополнителна сума се плаќа за неа доколку има претпростор. Локалите, во просек, се издаваат за 250 евра месечно, вели Дамев.

Инвестицијата е резултат на партнерскиот однос меѓу инвеститорите и институциите. Според податоците од „Скопски пазар“ АД Скопје, секој ден во просек на Бит-пазар циркулираат околу 20.000 граѓани. 

На одбележувањето на инвестициската активност присуствуваа и претставници на највисокиот државен врв и на локалната власт. Заеднички беше потврдено дека продолжува заложбата за регулирање на проблемот со дивите пазарџии околу просторот на зелениот пазар, како и за следење на прометот на стоки и на услуги, за кои надлежност имаат државните инспекциски служби.

 
 
 
Даниела Михајловска Василевска
Менаџер во организационата целина за претставување на членките и вмрежување