АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА НАРЕДИ ИТНО ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ПОПУЛАРНИ МАРКИ СЛАДОЛЕДИ – ПРОВЕРЕТЕ ЗА КОИ СЕРИИ И ПРОИЗВОДИ СЕ РАБОТИ
➢ Актуелно (06.08.2021, во 12:09:32)
👁 Прочитано: 1425




АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА НАРЕДИ ИТНО ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ПОПУЛАРНИ МАРКИ СЛАДОЛЕДИ – ПРОВЕРЕТЕ ЗА КОИ СЕРИИ И ПРОИЗВОДИ СЕ РАБОТИ

 

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека операторот со храна (увозник и дистрибутер) АЛМА М, врз основа на издадено решение од АХВ, од пазарот врши итно повлекување и отповикување на небезбедни производи – сладолед, поради утврдено зголемено присуство на етилен оксид.

 

Од пазарот се повлекуваат и отповикуваат:
1. Сладолед KIT KAT стапче 20х90 мл
Сериски број/лот- PL1048
Рок на употреба: до 28.02.2023
Причина за отповикување:-небезбеден производ поради присуство на Етилен оксид кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.
Потекло : Франција

2.Сладолед Милка Ванила и Чоколадо Стапче 20х100 мл
Сериски број/лот:MI1118,MI1119
Рок на употреба: до 30.04.2023
Причина за отповикување:-небезбеден производ поради присуство на Етилен оксид кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.
Потекло : Полска

 

3. Сладолед Милка Чоколадно Стапче со лешник 20х100 мл
Сериски број/лот:MI1117
Рок на употреба: до 30.04.2023
Причина за отповикување:-небезбеден производ поради присуство на Етилен оксид кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.
Потекло : Полска
Увозник во РСМ:АЛМА М

Горенаведените производи, во количина од 3 080 литри и 30 064 парчиња, при контролата од инспекциските служби на АХВ, затекнати се во магацинот на увозникот. Небезбедниот сладолед е ставен под службен надзор, односно, забрането е негово ставање во промет.

Крајните потрошувачи кои ги имаат купено горенаведените производи со сериски брј/лот, се бара истите да не ги конзумираат и да ги вратат на местото од каде ги купиле, или нештетно да ги уништат.

Васко Ристовски
Менаџер во организационата целина за претставување на членките и вмрежување