Групација за пазари за имплементација на НАССР системот - КАЗНИТЕ ВО ВТОР ПЛАН, АКЦЕНТ ВРЗ ЗАЕДНИЧКО РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ

   

АКТУЕЛНО / 11.12.2009
👁 Прочитано: 918


Групација за пазари за имплементација на НАССР системот - КАЗНИТЕ ВО ВТОР ПЛАН, АКЦЕНТ ВРЗ ЗАЕДНИЧКО РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ

*Управата за ветеринарство и организаторите на зелени пазари зеднички ќе се договараа за имплементација на НАССР ситемот за млечните производи и јајцата за продажба на зелените пазари  


     Групацијата за пазари при Стопанската комора на Македонија, во присуство на претставници од Управата за ветеринарство, на седницата одржана на 10.12.2009 година, расправаа за проблемите во имплемнетација на условите при продажба на млечни производи и јајца на продажните места во зелените пазари, согласно законските прописи.

 

 

    Од страна на организаторите на пазарите беа поставени повеќе отворени прашања, а посебно за обврски кои треба да бидат исполнети за продажба на храна од животинско потекло, со акцент за сирење и јајца. Организаторите на пазарите треба да ги исполнуваат минималните технички услови за продажба на производите на зелените пазари, вклучувајќи ги производите од животинско потекло. За да се исполнат условите, посебно за продажба на сирење и јајца,  треба да бидат исполнети посебни услови и инфраструктура на пазарите.

     Организаторите на пазарите според досегашните заеднички договори и активности на Групацијата, а кои се  во согласност со  законската регулатива,  ги имаат преземено следните активности:   исполнување на условите за продажба на овошје и зеленчук на зелените пазари, поднесесни се барања за регистрација во Дирекцијата   за храна, а сега се прават напори за примена на добрата хигиенска пракса и примана на НАССР ситемот кај млечните производи и јајцата.

 

 

    Заради различната опременост на пазарите низ градовите во земјата, потоа самото опремување и инфраструктурата, заклучено е да се формира работна група, која заедно со претставниците од Управата за ветеринарство ќе се разгледаат сите детали и заеднички ќе се донесат упатства како и кои услови треба да ги исполнуваат пазарите, посебно за продажба на сирење и јајца.

    Посебно беше поздравен ставот на Управата за ветеринарство  дека заеднички ќе се надминуваат проблемите, и дека казните нема да придонесат за решавање на проблемите, туку со заеднички сили ќе се наоѓаат и применуваат решенија кои ќе придонсата за имплементација на НАССР системот.

 

                                                                                            Марија Петроска