20-тина бизнисмени од Косово и Северна Македонија одржаа билатерални средби во три сектори ИКТ, дрвна индустрија и мебел во рамки на ЕЕН проектот, а во организација на Стопанската Комора на Северна Македонија, МИР Фондација и РЕА Приштина, во хотел Белви (19.7.2021)
➢ Актуелно (19.07.2021, во 15:30:36)
👁 Прочитано: 171




20-тина бизнисмени од Косово и Северна Македонија одржаа билатерални средби во три сектори ИКТ, дрвна индустрија и мебел во рамки на ЕЕН проектот, а во организација на Стопанската Комора на Северна Македонија, МИР Фондација и РЕА Приштина, во хотел Белви (19.7.2021)

Стопанската Комора на Северна Македонија во соработка со Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување и Бизнис Асоцијацијата - РЕА од Косово во рамки на Европската мрежа на бизнис можности (Enterprise Europe Network) организираа билатерални средби на компании од Северна Македонија и Косово во хотел Белви. (19.7.2021).

20-тина бизнисмени од Косово и Македонија одржаа билатерални средби во три клучни сектори  и тоа во информатичка и комуникациска технологија (ИКТ), дрвна индустрија и мебел, и пред потенцијалните претставници од компаниите ги претставија своите можности за идна можна деловна соработка и ширење на својот бизнис на македонскиот и на косовскиот пазар.

Компаниите од двете страни имаа можност да се запознаат и со потенцијалните можности за инвестирање во Република Северна Македонија и Косово.

За прв пат оваа година во рамки на Европската мрежа на бизнис можности –ЕЕН се одржуваат билатерални средби со физичко присуство, при што на компаниите од дветте земји им се овозможи можност да пронајдат соодветни деловни партнери, дистрибутери, да споделат искуства со меѓународни деловни партнери, да ја прошират деловната мрежа на соработка и да бидат во тек со трендовите што ги нуди пазарот, а се со цел да бидат поконкуретни на пазарот.

 

Служба за информирање при Комората