СЕ ОТВОРИ АКАДЕМИЈА ЗА ИЗВРШНИ МЕНАЏЕРИ ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА МАКПРОГРЕС, ЕБОР ЛОНДОН И ВЛАДАТА НА ЈАПОНИЈА
➢ Актуелно (07.07.2021, во 16:15:44)
👁 Прочитано: 617




СЕ ОТВОРИ АКАДЕМИЈА ЗА ИЗВРШНИ МЕНАЏЕРИ ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА МАКПРОГРЕС, ЕБОР ЛОНДОН И ВЛАДАТА НА ЈАПОНИЈА

Под покровителство на компанијата МАКПРОГРЕС, ЕБОР Лондон и Владата на Јапонија формирана е Академијата за извршни менаџери во Виница која има цел да овозможи развој на бизнис лидери преку користење на најновите светски трендови и знаења од областа на менаџментот.

Академијата е дел од Фондацијата „ПРОГРЕСИВ АКАДЕМИЈА” Виница основана од МАКПРОГРЕС чија визија е развој на вештини преку квалитетни едукативни програми, унапредување на техничките знаења, акцелераторски програми и активности за истражување и развој.

На официјалното отварање, како што информираа од прес-службата на Акадеимијата, присуствувале претставници од ЕБОР, дваесетина извршни менаџери како и инструкторите кои се дел од програмата.

-Преку нашето долгогодишното работење и соработка со други компании, увидовме дека како на домашните така и на странските компании им недостигаат кадри обучени за извршни позиции. Оваа потреба е исто така евидентна кај голем број на семејни бизниси, особено во процесот на нивна трансформација во компании водени од професионален менаџмент, изјави Глигор Цветанов, генерален директор на МАКПРОГРЕС и Претседател на Фондација „Прогресив Академија“.

Билјана Марковиќ Стаменова, Директор на PrimePoint Partners и Академски директор на Академијата за Извршни Менаџери истакна дека предавачите се успешни професионалци со богато академско знаење и искуство. Програмата, информира таа,  ќе опфати интерактивни предавања, симулации, видни гости говорници, алатки за личен развој и наставни модули според последните светски трендови неопходни за водење бизнис на глобално ниво

Уписот во Академијата е отворен, а Програмата во времетраење од деват месеци ќе започне од септември 2021.

Служба за информирање при Комората