КОМОРАТА ПОМЕЃУ СВОИТЕ ЧЛЕНКИ АЗЕСКИ: АКРЕДИТИРАНИТЕ ЛАБОРАТОРИИ НА МАКПЕТРОЛ И ОКТА СЛЕДНА СТАНИЦА НА НАШИТЕ ПОСЕТИ ПРЕД КЛУЧНАТА СРЕДБА СО ВЛАДАТА
➢ Актуелно (30.06.2021, во 09:01:08)
👁 Прочитано: 699



ПРЕСПА ФОРУМОТ, МАКЕДОНСКО-РОМАНСКИОТ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ И ЕКОНОМСКИОТ ДЕЛ ОД БЕРЛИНСКИОТ ПРОЦЕС, ЈА НАЈАВУВААТ КЛУЧНАТА СРЕДБА СО ВЛАДАТА НАРЕДНИОТ МЕСЕЦ
АЗЕСКИ: АКРЕДИТИРАНИТЕ ЛАБОРАТОРИИ НА МАКПЕТРОЛ И ОКТА СЛЕДНА СТАНИЦА НА НАШИТЕ ПОСЕТИ ПРЕД КЛУЧНАТА СРЕДБА СО ВЛАДАТА

Делегација на Стопанската комора на Северна Македонија предводена од претседателот Бранко Азески продолжувајќи ја теренската активност во пост Ковид периодот вчера ја посети акредитираната лабораторија на компанијата Макпетрол, а наредната недела ќе ја посети и акредитираната лабораторија во Окта АД Скопје. 

Акредитираната лабораторија на Макпетрол постои веќе 15 години, во неа се вложени 2,3 милиони евра, првичната акредитација е од Британското акредитивно тело, работи согласно стандардот ISO/IEC 17025, секогаш поседува арбитражен примерок во случај на спор и овозможува целосна тајност, независност и доверливост во постапката.

Вака со една реченица може да се опише она што го видовме вчера а се надеваме дека тоа истото ќе го видиме и во лабораторијата во Окта. Во новата стратегија на Комората најзначајно место ќе имаат токму институциите што имаат највисоки професионални стандарди, што инвестираат во напредни технологии, што создаваат производи со додадена вредност, со што ја зголемуваат конкурентноста на македонската економија. 

Претседателот Азески истакна дека, компаниите кои инвестираат во развој, иновативни решенија, дигитализација на процесите, со примена на меѓународно признатите стандарди мора да бидат поддржани во пост Ковид периодот  и со тоа да им се одаде признание како се понесоа во една од најтешките кризи низ која што поминуваме. Бизнисот успеа да опстои, вели првиот човек на најголемата бизнис асоцијација и она што сега им е потребно на фирмите е силен импут. Затоа преку директните средби во самите објекти ги гледаме нивните потреби, но и барање во кој правец ќе одиме, а ќе одиме во правец на отворање на инвестициска активност за создавање производи со додадена вредност, констатира претседателот Азески.  

Претседателот на Управниот одбор на Макпетрол Скопје Андреја Јосифовски ги запозна присутните со капацитетот и моќта на акредитираната лабораторија за анализа на течни горива. Лоцирана во најголемиот склад на Макпетрол во општина Илинден, првично акредитирана од Британското акредитивно тело, а подоцна и од страна на домашната служба за акредитација на вакви лаборатории, работи по сите стандарди и е опремена на највисоко ниво, а се правата анализи и на био горивото, посочи Јосифовски. Контролите се вршат освен за сопствените производи и за надворешни партнери, а пред се висок рејтинг има за контрола на квалитетот на горивата во земјите од регионот, но и за домашните институции по доставени примероци од пазарната инспекција. Лабораторијата има воспоставена соработка и со меѓународни лаборатории, и со нафтени компании кои го контролираат квалитетот на своето гориво во лабораторијата на Макпетрол. 

Во изминатиот месец претседателот Азески реализираше средби и со менаџерските тимови на Раде Кончар ТЕП и Сервис, Раде Кончар контактори и релеи, во фабриката Актива, Градежниот институт Македонија, Факултетот за информатичка технологија Финки итн.   

Во прилог линк до:
-    изјавите на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески и на претседателот на УО на Макпетрол Скопје Андреја Јосифовски;
-    инсерти од работната посета на претседателот на Комората Азески на акредитираната лабораторија на Макпетрол и
-    инсерти од самата лабораторија.

 

Служба за информирање при Комората