Интензивирање на соработката помеѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и Советот на странски инвеститори
➢ Актуелно (28.06.2021, во 16:56:07)
👁 Прочитано: 641




Интензивирање на соработката помеѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и Советот на странски инвеститори

Денес во Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот се оствари средба помеѓу директорот на Агенцијата Дејан Павлески и Претседателот на Советот на странски инвеститори, Штефан Петер, со соработниците потпретседателот на Стопанската комора д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска и експертот и ISO координатор во Комората Емилија Тодоровска. На средбата беа разгледани трендовите во економијата, согледувањата на странските инвеститори за условите за водење на бизнис и улогата и значењето на Агенцијата во помагање на постоечките и привлекување на нови инвеститори.

Заеднички беше констатирано дека е од особена важност да се продлабочи соработката со локалните добавувачи, со  универзитетите, поттикнувањето на активностите за истражување и развој,  како и континуирано подобрување на услугите кон инвеститорите во постинвестициониот период.

Советот за странски инвеститори при Стопанската комората на Северна Македонија претставува 130 компании кои имаат 50.000 вработени во различни дејности на целата територија на нашата држава со вкупен обрт од 5 милијарди евра.

На средбата беше договорено интензивирање на меѓусебната соработка преку поставување на заеднички цели, приоритети и активности за периодот кој следи.

Служба за информирање при Комората