Вината на „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“ во последните два месеца се закитија со 37 медали на светските натпревари. На годинашното издание на „Balkan International Wine Competition“ освоија 15 медали од кои 10 злата и двојни злата.
Црвеното „Барово“ од бербата 2018 доби трофеј за најдобра автохтона црвена сорта. Двоен златен медал освоија „Chateau de Gourdon Terrasse a L’Ombre“, „Chateau de Gourdon Vase de Pierre“ и повторно „Барово“ црвено, сите од бербата 2018. Постигнувањата на „Тиквеш“ се остварени во конкуренција од околу 1.000 вина од Балканот, Централна и Источна Европа. Последниве награди се уште една потврда за врвниот квалитет на вината на винаријата Тиквеш, кои и на овие светски вински натпревари блеснаа во полн сјај. Нивното значење е огромно бидејќи укажува дека високото ниво на квалитет, винаријата го одржува во континуитет. Исто така, големиот број на освоени награди е знак дека високиот квалитет е одлика на речиси сите вина од ннејзиното портфолио.
На овој натпревар му претходеа и реномираниот француски вински натпревар „Citadelles Du Vin“, како и еден од највлијателните натпревари за вино во светот „International Wine Challenge“ кој се одржа во Лондон. На овие две вински натпреварувања вината на „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“ освоија 22 медали и признанија, меѓу кои и специјалната награда „MACEDONIA SPECIAL PRIZE“, доделена на „Citadelles Du Vin“ за розето „Alexandria Cuvée“ од бербата 2020.
Во текот на мај и јуни оваа година „Тиквеш“ се закити со вкупно 37 нови награди и признанија на три различни вински натпревари. На винарницата ѝ беа доделени две специјални награди, три двојни и седум единечни златни медали, 15 сребрени и осум бронзени медали, како и шест пофалби. Вината на „Тиквеш“од почетокот на годинава освоија 48 медали и признанија на престижни натпревари одржани во Кина, Франција, Германија и Велика Британија. Компанијата е долгогодишна членка на Комората и дел од највисоката раководната структура.