КОНСТИТУИРАН КЛУБ 100 – најрепрезентативен претставник на приватниот сектор во нашата држава
➢ Актуелно (11.06.2021, во 15:35:06)
👁 Прочитано: 764




КОНСТИТУИРАН КЛУБ 100 – најрепрезентативен претставник на приватниот сектор во нашата држава

На Седницата одржана  оваа недела се контитуираше КЛУБОТ 100-  новот орган формиран по повод 100 годишнината од нашето постоење, кои брои 5 члена од редот на замениците претседатели на Стопанската комора на Северна Македонија. „Клуб 100“ ќе има водечка улога во менаџирањето на Комората, ќе биде најрепрезентативен претставник на приватниот сектор во нашата држава и ќе бидат преговарачки тим на Комората на највисоко ниво, и во домашните и во меѓународните релации.. Нивните компании (бизниси) остваруваат годишен обрт од над милијарда евра, вработуваат над 5.300 вработени, остваруваат над 100 милиони евра профит и со години наназад се во врвот на листата на најуспешните компании.  
 
На Седницата членовите на „Клуб 100“ ја утврдија потребата на дефинирање на приоритетни потези за создавање на можности и амбиент што ќе поттикнат зголемена економска активност на приватниот сектор кои се истовремено услов за излез од кризата со Ковид 19, а дел од утврдени потези треба да добијат врвен приоритет во нивното имплементирање, како што се зголемена системска поддршка на инвестициите, гасификацијата, парафискалните давачки, холдингот и екстремно долгите постапки за издавање на одобренија за градба потребни на бизнисот.

 

м-р Анета Трајковска
потпретседател на Стопанската комора на Северна Македонија