СО ИНСТИТУЦИОНАЛНА СОРАБОТКА ДО ГРАДЕЊЕ КВАЛИТЕТНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ
➢ Актуелно (29.04.2021, во 13:09:59)
👁 Прочитано: 207




СО ИНСТИТУЦИОНАЛНА СОРАБОТКА ДО ГРАДЕЊЕ КВАЛИТЕТНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ

Предуслов за градење квалитетен стручен кадар кој одговара на барањата и потребите на реалниот сектор е соработката помеѓу активните чинители вклучени во креирањето на образовните политики. Стопанската комора на Северна Македонија во своите заложби на високо место ги позиционира прашањата кои се однесуваат на стручно образование и обука по мерка на бизнисот. Во таа насока денес беше реализиран работен состанок со новото раководство на Центарот за стручно образование и обука. Пред новиот директор на Центарот за стручно образование и обука, Шериф Мифтари, беше елаборирана досегашната соработка како и реализираните активности во изминатиот период, но исто така акцен беше ставен и на тековните активности кои водат до унапредување на процесите во средното стручно образовение. Од страна на м-р Наташа Јаневска, самостоен советник во Стопанската комора на Северна Македонија, беше поздравена досегашната соработка, нагласувајќи ја подготвеноста на двете институции своите капацитети во целост да ги посветат кон креирањето на стручни квалификациии вештини кои се побарувани на пазарот на труд, како и афирмација на средното стручно образование како образование кое креира кадар кој лесно се трансферира од училишна клупа кон работна средина.

На состанокот се дискутираше и за поголемата вклученост на компаниите во спроведувањето на практичната обука, за таа цел во заедничка соработка следниот период ќе се спроведат повеќе обуки за стручен и друг кадар (ментори), во насока на верифицирање на работодавачите за вклучување во образовниот процес, се со цел обезбедување на квалитет во спроведувањето на практичната обука.

Потребата од заедничко делување на двете институции е неминовна, дури и во услови на криза непречено се одвиваа процесите и беше изразена надеж дека и во иднина ќе се продолжи со истото темпо.

Михајло Донев
соработник во Стопанска комора на Северна Македонија