„Макпетрол“ АД Скопје, еден од нај реномираните членови на Стопанската комора на Северна Македонија ја доби наградата за прво место за Правен субјект кој најмногу инвестирал во безбедноста и здравјето на своите вработени, за 2020 година и второ место, за услужни дејности (финансиски, информативни, транспорт, трговија, сервисни и други услуги).
Признанијата беа доделени по повод Светскиот ден на безбедноста и здравјето при работа, во рамките на повикот „Добри практики во областа БЗР во 2020 година”, организиран од страна на стручните Здруженија кои работат на полето безбедност и здравје при работа.
Една од главните стратегии на компанијата е да инвестира во своите вработени, преку добри практики во безбедни и здрави работни места. Токму поради тоа, секој во компанијата има право, но истовремено и одговорност, на добро здравје и на безбедност. Овие награди претставуваат уште едно признание за посветеноста на „Макпетрол“ АД Скопје кон своите вработени, кои се важен дел од процесот за раст и развој на компанијата.