ШТЕФАН ПЕТЕР ЌЕ ГО ПРЕДВОДИ СОВЕТОТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ И ВО НАРЕДНИТЕ ДВЕ ГОДИНИ
➢ Актуелно (28.04.2021, во 18:15:25)
👁 Прочитано: 188



ИЗБРАН НОВ СОСТАВ НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА СОВЕТОТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ
ШТЕФАН ПЕТЕР ЌЕ ГО ПРЕДВОДИ СОВЕТОТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ И ВО НАРЕДНИТЕ ДВЕ ГОДИНИ

На онлајн седница на Собранието на Советот на странски инвеститори, одржана на 28.04.2021 година, г-дин Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на „ЕВН Македонија“, е реизбран за претседател на Советот во наредниот мандатен период од 2 години.

Во насока на поефикасно претставување и застапување на странските инвеститори во земјава, организирани во Советот на странски инвеститори, согласно Правилата за работа и организација на Советот, е избран и нов состав на Управниот одбор. За членови на новиот состав на Управниот одбор на Советот се избрани:

Александар Чадиковски - ТГС Технички Гасови;

Аврам Стојчевски - Ван Хол Македонија;

Вања Стојановски - Леар Корпорејшн;

Вук Радовиќ - Окта АД Скопје;

Димитар Цветковски - Макстил АД Скопје;

Горан Василев – ФД Иуте Кредит Македонија;

Иван Костиќ - Филип Морис ТКП;

Марија Дуковска-Павловска -  Кемет Електроникс;

Нејат Курт - Тав Македонија;

Ратко Христов - Сокотаб;

Сашко Наков -  Амфенол Технолоџи

Динамичната промена на економските околности и на условите на стопанисување,  непосредно влијаат и на динамиката на активностите на Советот на странски инвеститори. Во таа насока, перманентното и континуираното следење и анализирање на економските состојби во земјата, врз основа на што ќе се преземаат и предлагаат  и мерки за подобрување на инвестициската и деловната клима во земјата  и натаму ќе претставува една од приоритетните активности на новото раководство на Советот на странски инвеститори во наредниот период, како дел од неговите стратешки определби за функционално делување.

За да се постигне побрз и одржлив раст, согласно програмските насоки во 2021 година, Советот и понатаму ќе инсистира на спроведување на неопходните структурни реформи кои значително ќе ја зголемат ефикасноста и продуктивноста на севкупното стопанство и ќе создадат предвидлива и одржлива деловна средина во која ќе се воспостават еднакви правила за сите чинители. Поттикнати од модерните практики коишто странските инвеститори ги имплементираат во својот работен процес, преку менаџерскиот пристап и размислување, етичкото работење, ефективноста, професионалното усовршување, дигитализацијата, како и преку трансфер на технологија и знаење,  Советот на странски инвеститори во наредниот период ќе ги промовира овие принципи, како значајни придобивки кои би ја подобриле конкурентноста на целокупната економија.

На крајот на настанот, господинот Фрек Јанмат од Делегацијата на Европската  Унија во Скопје го презентира  последниот Извештај на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија.

 

Влатко Стојановски
советник во Стопанска комора на Северна Македонија