Одржан „онлајн“ семинар поврзан со карактеристиките на менаџерскиот договор
➢ Актуелно (18.02.2021)
👁 Прочитано: 209



Одржан „онлајн“ семинар во организација на Стопанска комора на Македонија на тема: „Карактеристики на менаџерски договор, конкурентска клаузула, конкурентска забрана, деловна тајна и предизвици при нивното спроведување во вонредни околности и работа
Одржан „онлајн“ семинар поврзан со карактеристиките на менаџерскиот договор

Стопанската комора на Македонија, на 18 февруари 2021 година, организираше еднодневна онлајн семинар на тема: Карактеристики на менаџерски договор, конкурентска клаузула, конкурентска забрана, деловна тајна и предизвици при нивното спроведување во вонредни околности и работа од дома, откажување на договорот за вработување, парична казна наместо отказ при спроведување дисциплинска постапка “.

Со цел да обезбеди идеален спој помеѓу теоретското и практичното, а во насока на гарантирање на навремена информираност на слушателите за сите теми кои им се од главен интерес, овој семинар понуди разрешница на дилемите кои се јавуваат во тековното работење, а кои се наметнати од новите околности на кои е потреебно да се адаптираме. 

Така на онлајн семинарот , преку интерактивен пристап, ги анализираше прашањата за менаџерскиот договор, колку тој е практичен и потребен во вонредни услови на работење и како да се состави, односно концепра издржан менаџерски договор.

Потоа, се дискутираше за поимите на конкурентската забрана и конкурентската клаузула, како и обврската за чување деловна тајна. Со особено внимание се разговараше за тоа како да се продолжи примената на конкурентската клаузула и чувањето на деловната тајна во околности кога дел од работниците работат од дома. Во склоп на оваа тема, се разгледа и институтот вршење на работа дома.

Крајно, на работилницата се разгледаа законски предвидените причини за откажување на договорот за вработување, со особен фокус на спроведувањето на дисциплинска постапка и паричната казна наместо отказ.

Предавачи на работилницата беа Игор Кичеец, Основач и управувачки партнер на Адвокатско друштво „Гоџо, Кичеец & Новаковски“ со повеќедецениско искуство во судски постапки од граѓански, трговски, работен и кривичен карактер, и со особена експертиза во: корпоративно право, структурирање на даноци и даночни спорови; трговски спорови и спорови од комерцијална природа; осигурително право; воздухопловно право; реструктурирање на бизниси; due diligence, менаџирање на ризик; домашно и странско договорно и облигационо право, човекови права, и Викторија Спасовска - Симоноска, Адвокат во Адвокатско друштво „Гоџо, Кичеец & Новаковски“, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од облигационото, деловното и трудовото право.

 
М-р Анита Рафајловска
стручен соработник во Стопанска комора на Македонија