Свислион ДОО Скопје - нов партнер на Општина Центар и Банка за храна МК во проектот „Нула Глад“
➢ Актуелно (17.01.2021)
👁 Прочитано: 2522




Свислион ДОО Скопје - нов партнер на Општина Центар и Банка за храна МК во проектот „Нула Глад“Кликни за повеќе

 

Уште една општествено одговорна компанија се приклучи кон активностите на Општина Центар за месечна помош на семејства со висок социјален ризик.
Свислион ДОО од Скопје, долгогодишна членка на Стопанската комора на Македонија, е последниот партнер на Општина Центар и Банка за Храна МК во подготовка на месечните пакети кои ги општината ги доставува до оние граѓани на кои оваа поддршка им е најпотребна.
Општина Центар, Трговското друштво за прехранбена индустрија Свислион ДОО Скопје и невладината Банка за Храна МК потпишаа меморандум за соработка во редовните активности поврзани со проектот „Нула Глад“. Проектот „Нула Глад“ е проект кој општината го реализира во соработка со невладината организација Банка за Храна МК. Проектот има за цел помош и поддршка на социјално загрозени семејства и преку него општината дава свој придонес во справувањето со сиромаштијата и гладот.

Со проектот „Нула Глад“ во Општина Центар, 150 семејства со висок социјален ризик месечно добиваат пакети со храна и хигиенски производи.
Свислион ДОО со потпишувањето на меморандумот за соработка им се приклучи на досегашните партнери во проектот, маркетите Рамстор, Кам, Веро, Тинекс, Жито Маркети, Стокомак и Гранап.

Васко Ристовски
Менаџер во организационата целина за претставување на членките и вмрежување