Стопанската комора на Македонија за потребите на Проектот ,,Образование за вработување во Северна Македонија” ги повикува квалификуваните ИТ фирми кои се регистрирани и работат во Република Северна Македонија, да поднесат понуда за проектот: Набавка и инсталација на хардверска опрема (кластер серверска станица) за хостирање на апликативен софтвер за електронски систем за поврзување на верифицирани компании и средни стручни училишта.
Заинтересираните страни можат да побараат копија од тендерската документација почнувајќи од 28 декември 2020 година на e-mail: natasa.janevska@mchamber.mk и mihajlo@mchamber.mk.
Понудите треба да бидат доставени најдоцна до 08 јануари 2021 година (петок), до 16 часот, во архивата при Стопанската комора на Македонија на ул. ,,Димитрие Чуповски” бр. 13, Скопје.
Забелешка: Прибирањето на понуди за горенаведените барања не подразбира и автоматско доделување на договор за работа.