НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА „ПУЦКО ПЕТРОЛ“
➢ Актуелно (22.12.2020)
👁 Прочитано: 1704




НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА „ПУЦКО ПЕТРОЛ“

 

Нафтената компанија Пуцко Петрол го купи земјиштето на поранешната фабрика „Алумина“ за 24 милиони евра. По подолг период на преговарање, компанијата склучи зделката со израелската компанија „Газит глоуб“ која претходно го поседуваше ова земјиште. Во време на глобална пандемија и економска криза, компанијата решаи да инвестира дома. Целта е да се ревитализира целиот простор и да се стави фокус на зелените површини и парковите.

Во време кога светот запре, кога фирмите се на голем удар од кризата предизвикана од вирусот Ковид 19, оваа компанија ќе го урбанизира овој простор. Целта е да се даде репрезентативен изглед на овој дел на Скопје, следејќи ги секако енергетско-ефикасните трендови во Европа, изјавува сопственикот на Пуцко Петрол.

Во наредниот период, ќе следат длабински анализи и долг процес на планирање за идната инвестиција. Бенефит ќе има за целиот град, но и за општината Карпош која би добила модерен и зелен комплекс .

Инвестицијата која би се случила на овој простор, се проценува на 150 милиони евра.

Васко Ристовски
Менаџер во организационата целина за претставување на членките и вмрежување