Билјана Пеева-Ѓуриќ: Извоз, реиндустријализација, брза и ефикасна администрација
➢ ИНТЕРВЈУ (18.12.2020)
👁 Прочитано: 957



Приоритетните реформи за иден развој на македонската економија
Извоз, реиндустријализација, брза и ефикасна администрација

Во основа, според движењата во овој момент, оценката е дека состојбата во која се наоѓа нашата економија е тешка и неизвесна, но пред сѐ за оние сектори кои беа први на удар од почетокот на пандемијата и беа оневозможени да функционираат и каде има сериозно нарушување на ликвидноста.

Од сите укажувања евидентно е дека здравствено-економската криза уште повеќе ги исфрли на површина долгогодишните структурни слабости кои се присутни во македонската економија. Тука се мисли на процесот на деиндустријализација кој се провлекува во континуитет, неконзистентноста во создавањето на единствен и оддржлив модел на економски раст, сериозната диспропорција на пазарот на труд преку создавање на непотребни профили на занимања кои не се во согласност со потребите на бизнис секторот, степенот на ефикасност на институциите, наспроти потребата фокусот да се стави на решавање на системски прашања кои на подолг рок би дале далеку подобри ефекти во процесот на раздвижување на економската активност на приватниот сектор.

Во продолжение на следниот линк е целото  интервју дадено за порталот МКД.мк  
https://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/biljana-peeva-gjurikj-izvoz-reindustrijalizacija-brza-i-efikasna-administracija

Служба за информирање при Комората