Географска карта на најизвезувани производи во секоја земја од светот
👁 Прочитано: 487




Географска карта на најизвезувани производи во секоја земја од светот

Извозот грубо пресметан, денес изнесува околу 25% од севкупното глобално производство. Една заедничка карактеристика на сите типови на извоз е нафтата. Всушност, нафтата е најизвезуван производ во 50 држави во светот и заедно со многу други материјали сочинуваат значителен удел на глобалниот извозен пазар. Од 2000 година, вкупната вредност на целата извозна глобална трговија на стоки и услуги е тројно зголемена на 19,5 трилиони долари.

Врвен извоз на производи, по региони

Америка

Извозот на нафтата од САД го надминува целиот друг извоз, а суровата нафта сочинува 35% од вкупниот извоз на нафта. Канада, исто така, ја наведува нафтата на врвот на извозот.

Држава     Најизвезувана суровина/производ
Канада     Нафта
Гренланд     Риби
Мексико     Автомобили
Сент Пиер и Куелон Јастози, морски ракови
САД     Нафта


   

Со пазар вреден 50,7 милијарди долари, најголем извоз на Мексико е автомобилот - што го прави четврти најголем извозник во светот.

Африка


Од Египет до Сенегал, Африка има разновиден спектар на извоз. Првенствено, овие држави се управувани од ресурси, при што првите пет извозни производи се нафта, злато, дијаманти, природен гас и јаглен.

Во меѓувреме, најголем извоз на Етиопија е кафето, испорачувајќи скоро една милијарда долари само во 2018 година. Слично на тоа, покрај источниот брег, Мадагаскар е најголемиот светски производител на ванила.

 

Азија


Додека нафтата е исто така доминантен извоз низ многу земји во Азија, извозниот пејзаж во регионот е многу повеќе фокусиран на технологија.

Во Јужна Кореја, електронските кола се најголем извоз. Samsung, со седиште во Сеул, е главен снабдувач на Apple за повеќе електронски компоненти. Со еден од највисоките стапки на извоз во Азија, 40% од јужнокорејското економско производство се добива од нејзиниот извозен пазар.

Еве го најголемиот извоз низ другите азиски земји.

Во Авганистан грозјето е врвен извоз, проценето на 237 милиони долари. Скоро една петтина од извозот на Авганистан доаѓа од индустријата за грозје.
 

Европа


Низ европскиот континент, автомобилската индустрија се издвојува како примарен двигател на извозот, со 14 земји кои имаат автомобили или возила како најизвезувано добро.

Всушност, во 2019 година, Европската унија извезла вкупно 5,6 милиони моторни возила. Од нив, 28% биле испратени во САД и 16,5% во Кина.

На Балканот, Албанија има обувки како врвен извоз. Генерално, скоро 80% од БДП на земјата се потпира на извоз на стоки и услуги.

Франција, од друга страна, има авиони како најголем извоз, додека највисоки во Италија и Данска се лекови. Италија е најголем производител на фармацевтски производи во Европа, индустрија која вработува 66.500 во целата земја. На глобално ниво, тоа сочинува 2,8% од продажбата на фармацевтски производи.

Заради евтините цени на електричната енергија, компаниите се насочија кон Исланд за производство на алуминиум. Исландските брани, кои произведуваат енергија од глацијалната вода, произведуваат електрична енергија дури за 30% поевтино отколку во Америка.
 
Латинска Америка и Карипските острови


Како и другите региони, нафтата се издвојува како клучен извоз во земјите низ Латинска Америка.

Венецуела со најголеми резерви на нафта во светот, нејзинот извоз на нафта се проценуваше на 90 милијарди долари годишно пред десет години. Од пандемијата, сепак, заработката се предвидува да достигне само дел од оваа вкупна вредност - само 2,3 милијарди долари оваа година.

Заедно со ова, САД воведоа санкции против претседателот Никола Мадуро и државната нафтена компанија во Венецуела, ПДВСА, предизвикувајќи извозот на нафта да падне на најниската точка во последните 80 години.

За карипските нации, не е изненадувачки,  врвниот извоз во овој регион е поврзан со туризмот.

Крузерите  (бродови) се издвојуваа како примарен извоз на Бахамите, додека јахтите беа најзначајни на Кајманските острови. Сепак, поради пандемијата, многу од овие национални економии се изложени на зголемен ризик, со што некои извозот во економиите од целиот тој регион се предвидува да се намали на 10% во 2020 година.
 

Океанија

Океанија, Австралија  го имаше јагленот како врвен извоз во 2018 година (иако оттогаш се префрли на железна руда во 2019 година), додека Нов Зеланд испраќа млеко во странство.

За многу помали острови низ Пацификот, може да се забележи дека рибите, крстаречките бродови, водата и јахтите се клучен извоз.

Иднината на трговијата
Во моментов, пандемијата предизвикана од КОВИД 19 и низа други фактори го менуваат начинот на трговија во светот. Неочекувани шокови, трговски војни, вкупната емисија на стакленички гасови како и работничките стандарди влијаат на фирмите да градат поотпорни ланци на снабдување.

Според економскиот магазин „Економист“, се проценува дека во текот на следните пет години 16-26% од производството на извезена стока би можело да ги смени локациите.

 

 

 

 

 

Служба за информирање при Комората