ОДРЖАНА ОНЛАЈН РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА: „ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ НА ВРАБОТЕНИ, БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ, ДАНОК НА ДОХОД И МАГАЦИНСКО РАБОТЕЊЕ“
➢ Актуелно (25.11.2020)
👁 Прочитано: 322



ОДРЖАНА ОНЛАЈН РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА: „ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ НА ВРАБОТЕНИ, БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ, ДАНОК НА ДОХОД И МАГАЦИНСКО РАБОТЕЊЕ“


Потребата од адекватни вештини во областа на финансиското работење, особено во делот на пресметка на плати и надоместоци од плати, водењето на благајна, пресметката на даноци и магацинското работење се од особена важност за непречено одвивање на секојдневните активности во една организација. Правилното перцепирање на секоја информација изразена преку бројка влијае врз резултатот на организацијата и со превземањето соодветни чекори овозможува обезбедување континуитет во работењето.

За таа цел Центарот за едукација и развој на човечки ресурси при Стопанската комора на Македонија, на 25.11.2020 година, организираше „онлајн“-работилница на тема: „Пресметка на плати и надоместоци на вработени, благајничко работење, данок на доход и магацинско работење“. Целта на „online“-работилницата беше насочена кон овозможување на работодавачите и вработените  да се запознаат со сите интерни чекори кои можат да ги преземат со цел ефикасно да ги спроведат работните процеси. 
Работилницата беше конципирана на начин што ги опфати четирите главни полиња од интерес за работодавачите и работниците, се со цел обезбедување на што поголема информираност проследена со практични примери.
Во првиот сегмент се анализираа најшироко применуваните основи за отсуство од работа и се утврди како истите правилно да се спроведат во секојдневното работење, притоа опфатени беа условите за отсуство од работа по основ на боледување со особено акцент на боледувањата на работниците кои се дирекно или индирекно отсутни од работа поради КОВИД 19 , потоа бременост, раѓање, родителство.
Следниот дел, ги опфати поимот и поединостите на денарска благајна, девизна благајна и одлука за касов максимум.Во третиот дел беа опфатени поимите предмет на законот, видови на доход, даночен период и даночен обврзник, даночна основа и даночни стапки и утврдување на одделните видови доход.

И во завршниот дел,  прием во магацин (начин на прием на материјалите во магацин, потребни податоци за приемницата со која се врши прием на материјалите), издавање од магацин (начин на издавање на материјалите од магацин, потребни податоци на издатницата со која се издаваат материјалите ) и основни средства (прием и издавање на основните средства).

Работилницата се засноваше на интерактивност, овозможувајќи меѓусебна комуникација при што се разви дискусија помеѓу учесниците од аспект на гореспоменатите теми.
Предавачи на работилницата беа: м-р Ирина Бахчеванска, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од финансиското работење, изработка на финансиски планови, финансиска анализа, процедури и правилници и Бобан Попоски, советник за сметководство и плаќање со практично работно искуство во областа на  даноци и пресметка на плати и магацинско работење. 
 

М-р Анита Митревска
стручен соработник во Стопанска комора на Македонија