И ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА СО COVID-19 ПЕЧАТНИЦАТА КИРО.Д ДАНДАРО ИНВЕСТИРА 1.600.000 ЕВРА ВО НОВА ОПРЕМА
➢ Актуелно (24.11.2020)
👁 Прочитано: 525



И ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА СО COVID-19 ПЕЧАТНИЦАТА КИРО.Д ДАНДАРО ИНВЕСТИРА 1.600.000 ЕВРА ВО НОВА ОПРЕМА

Со својата богата историја во производството на високо–квалитетен печат, печатницата Киро Д. Дандаро се издигна на највисоко ниво во графичката индустрија  претставувајќи ја оваа индустрија во Република Северна Македонија. Печатницата има најсовремена технологија, и постојано ги следи достигнувањата на европско и светско ниво во графичката индустрија. Високиот квалитет на нивниот производ е како резултат на користење на високософистицирана комбинација на технологии, што одговара на буџетот на клиентите и на роковите поставени од нив, со што Киро Дандаро ја обезбеди  лидерска позиција на пазарот. Киро Дандаро АД Битола е машински најдобро опремена  печатница во државава, која со капацитетот кој го поседува покрива околу 80% од пазарот за флексибилна амбалажа. Печатницата е и извозно-ориентирана, а показателите велат околу 60% од целеокупното нивно произвоство е наменето за извоз. Веќе извезуваат во повеќе од 25 држави меѓу кои се Република Србија, Албанија, Косово, Хрватска и Црна Гора  потоа Франција, Белгија, Холандија, Кипар, Молдавија и др. Квалитетот и стандардите кои ги поседуваат им овозможија, да можат да  се носат и со врвни печатници од Европската Унија. .

Во услови на пандемија со вирусот Covid-19, Печатницата Киро. Д Дандаро одлучи да инвестира во нова опрема со што ќе се продолжи трендот на постојан раст, ќе се отворат нови работни места и ќе се зголеми конкурентноста како на домашниот, така и на меѓународните пазари. Имено договорена е набавка на една од најмодерните флесо машини со осум бои од германскиот производител „Fiser&Kreke“ за цена од 1.600.000 евра. Истата ќе биде испорачана веќе во текот на следната година. Сето ова ќе овозможи зголемување на капацитетот за околу 40%, а со тоа и зголемување на извозот за минимум 20%

Во ова модерна и современа  компанија моментално работат околу 200 вработени од кои 20 инженери, што е реткост за една компанија од графичката индустрија во Република Северна Македонија. Печатницата вложува многу и во своите вработени бидејќи секоја година тие посетуваат разни обуки, саеми и работилници кои им помагаат да ја следат најсовремената технологијата, но и да го унапредуваат своето знаење.

Валентина Цветковска
самостоен советник во Стопанска комора на Македонија