НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 26.11
Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
26.11.1917 година, Клубовите Монтреал Канадиенс, Монтреал Вандерерс, Отава Сенаторс, Квебек Булдогс и Торонто Аренас ја формирале Националната хокеарска лига (НХЛ).
26.11.1918 година, Собранието во Подгорица прогласило обединување на Црна Гора со Кралството Србија.
26.11.1939 година, родена е Тина Тарнер, американска пејачка.
26.11.1942 година, втора светска војна: започнало Првото заседание на АВНОЈ во Бихаќ, БиХ.
26.11.1986 година, во Скопје излезе првиот број на додатокот за литература, идеи и култура на весникот „Нова Македонија“- „ЛИК“.
26.11.1991 година, беше пуштен во употреба автопатот Велес - Градско.
Служба за информирање при Комората