НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 24.11
➢ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ... (24.11.2020)
👁 Прочитано: 193


Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 24.11
24.11.1632 година, роден е Барух Спиноза, холандски филозоф од еврејско потекло.
24.11.1859 година, првото издание на „За потеклото на видовите“ од Чарлс Дарвин излегло од печат и било распродадено истиот ден.
24.11.1864 година, роден е Анри де Тулуза -Лотрек, француски сликар.
24.11.1919 година, родена е Вера Ацева, македонска партизанка и народен херој на Југославија
24.11.1936 година, Германија и Јапонија го потпишаа таканаречениот Антикоминтернски пакт, кој потоа го потпишаа и Италија, Манџурија, Унгарија, Шпанија и Албанија. Под Фирмата на овој пакт фашистичките земји го подготвуваа военополитичкиот сојуз, кој
24.11.1944 година, во ослободеното Скопје, само десетина дена откако стивнаа последните улични борби, основан е првиот симфониски оркестар на денешната Македонска филхармонија. Имено во домот на Тодор Скаловски група музички вљубеници, од кои некои с
24.11.1954 година, роден е Емир Кустурица, српски и југословенски режисер, глумец и музичар.
24.11.1986 година, заврши последниот дел на електрификацијата на пругата Скопје - Гевгелија со должина на електричната мрежа од 220 км. Електрификацијата почна на 05.01.1981 година.
Служба за информирање при Комората