НА ДЕНЕШЕН ДЕН,23.11
➢ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ... (23.11.2020)
👁 Прочитано: 269


Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН,23.11
23.11.1760 година, роден е Франсоа Бабеф, француски револуционер.
23.11.1831 година, штрајкот на лионските ткајачи прерасна во вооружено востание, на кое му се придружија и работниците од другите гранки. Тоа беше право масовно востание на работниците во услови на буржоаска монархија во Франција.
23.11.1876 година, роден е Мануел де Фаља, шпански композитор.
23.11.1877 година, роден е Никола Карев, истакнат македонски социјалист и револуционер.
23.11.1941 година, роден е Франко Неро, италијански глумец.
23.11.1944 година, по одлука на АСНОМ, формирана е Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
23.11.1979 година, роден е Ивица Костелиќ, хрватски скијач.
23.11.1995 година, целиот свет ја поздрави мировната спогодба за Босна, која ја потпишаа трите главни странки на преговорите во Дејтон, Фрањо Туѓман, Алија Изетбеговиќ и Слободан Милошевиќ.
Служба за информирање при Комората