НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 24.10
➢ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ... (24.10.2020)
👁 Прочитано: 267


Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 24.10
24.10.51 година, роден е Домицијан, римски цар.
24.10.1668 година, роден е Петр Брандл, чешки сликар.
24.10.1797 година, Лима, главниот град на Перу, разурнат од силен земјотрес, при што загинале околу 5.000 луѓе.
24.10.1882 година, роден е Имре Калман, унгарски композитор.
24.10.1857 година, во Шефилд, Англија, формиран е ФК Шефилд, најстариот фудбалски клуб во светот.
24.10.1913 година, роден е Тито Гоби, италијански оперски пејач, баритон.
24.10.1914 година, роден е Џонас Едвард Салк, американски микробиолог.
24.10.1915 година, роден е Боб Кејн, американски уметник, создавач на анимираниот јунак Бетмен.
24.10.1918 година, сфаќајќи дека со распаѓањето на Австроунгарија целосниот пораз на централните сили е неизбежен, царот Карло побара интервенција од Католичката црква за прекинување на војната. Меѓутоа, интервенцијата на Ватикан немаше успех. Сојуз
24.10.1943 година, роден е Христо Георгиевски, македонски поет, есеист, критичар, книжевен историчар.
24.10.1945 година, стапи во сила Повелбата на Организацијата на обединетите нации, која заедно со Статутот на Меѓународниот суд, претставува темелен документ за устројството и дејствувањето на оваа светска организација. Тој ден се одбележува како „Де
24.10.1985 година, роден е Вејн Руни, англиски фудбалер.
24.10.1997 година, на 5 км под површината на Индискиот Океан, нуркачите го пронашле американскиот брод кој носел 2.000 тони сребро, кое претседателот Рузвелт му го испратил на Сталин во 1944 г. Рузвелт сакал да им помогне на Русите во борбата против
Служба за информирање при Комората